Потешкотии на кои може да наидете како турист во странски земји и е добро да ги знаете однапред

Пред да одите на патување, добро е да истражите повеќе работи околу земјата која ќе ја посетите за да не останете непријатно изненадени.

poteshkotii-na-koi-mozhe-da-naidete-kako-turist-vo-stranski-zemji-i-e-dobro-da-gi-znaete-odnapred-01.jpg

Покрај тоа што ќе бидете изненадени, може и да влезете во некоја неволја, зависно од местото каде се наоѓате и постапката која ја правите.

На пример, во Индонезија мора да гледате каде газите ако не сакате да завршите во затвор, во Јужна Кореја, онлајн мапите нема да ви помогнат.

Во продолжение погледнете за што точно се работи:

Не сметајте на Google Maps во Јужна Кореја

Оваа алатка нема да ви помогне за рутата во Јужна Кореја, бидејќи владата не им дава права на Google да ги користат нивните податоци заради национална безбедност.

Затоа пред да одите овде, инсталирајте си локална апликација за навигација.

poteshkotii-na-koi-mozhe-da-naidete-kako-turist-vo-stranski-zemji-i-e-dobro-da-gi-znaete-odnapred-02.jpg

Претерано упорни собирачи на донации во Велика Британија

Овие луѓе кои собираат донации по улиците, може да им се „закачат“ на минувачите, да ги поздрават весело и потоа да им бараат донација за добри цели.

Овој метод им успева бидејќи многумина им даваат пари само за да се откачат од нив, а ако не сакате да дадете пари, подобро е воопшто да не почнувате разговор со овие улични собирачи на средства.

poteshkotii-na-koi-mozhe-da-naidete-kako-turist-vo-stranski-zemji-i-e-dobro-da-gi-znaete-odnapred-03.jpg

Забрането е да јадете или пиете во јавен транспорт во Сингапур

Не е залудно тоа што Сингапур често се нарекува земја на забраните, со оглед на тоа што пушењето цигари на јавни места се казнува со 1.000 долари, а казната за јадење, пиење или доење во јавен превоз е нешто помалку од 500 долари.

Овие рестрикции се заради тоа што владата сака да спречи опасни и непријатни ситуации за патниците и минувачите.

poteshkotii-na-koi-mozhe-da-naidete-kako-turist-vo-stranski-zemji-i-e-dobro-da-gi-znaete-odnapred-04.jpg

Може да завршите во затвор ако згазнете на canang sari или кажете лош збор за тоа во Индонезија

Ако одите на Бали, тогаш треба да се однесувате внимателно кога ќе видите canang sari, во облик на корпа од листови полна со различни работи како подарок во знак на благодарност кон нивниот бог, а локалците ги оставаат секојдневно покрај тротоар.

Човек кој ќе стапне врз нив, дури и случајно, може да добие казна затвор и голема парична казна, а истото се случило и на жена која го нарекла ова „валкано“ во  присуство на други луѓе кои веднаш ја информирале полицијата.

poteshkotii-na-koi-mozhe-da-naidete-kako-turist-vo-stranski-zemji-i-e-dobro-da-gi-znaete-odnapred-05.jpg

Речиси е невозможно да купите нешто во Швајцарија по 21 часот

Продавниците во Швајцарија затвораат во 18.30 часот во повеќето денови, или во 21 во четврток.

Не работат во недела воопшто, иако сепак се наоѓаат такви кои работат по свои правила, но дури и ако работи до подоцна, нема да може да купите алкохол.

Затоа кога сте во оваа земја пазарувањето планирајте го однапред, а ова важи за поголем дел од земјите низ Европа, меѓу кои Австрија и Германија.

poteshkotii-na-koi-mozhe-da-naidete-kako-turist-vo-stranski-zemji-i-e-dobro-da-gi-znaete-odnapred-06.jpg

Тоалетите во Тајланд може да ве шокираат

Ова не е случај само во Тајланд, туку и во други азиски земји, каде нема класични шолји во тоалетите, што е невообичаено за домовите во Европа и Америка.

Исто така, може и да не најдете тоалет хартија, бидејќи локалците преферираат миење со вода наместо хартија.

poteshkotii-na-koi-mozhe-da-naidete-kako-turist-vo-stranski-zemji-i-e-dobro-da-gi-znaete-odnapred-07 (2).jpg

Лажни полицајци низ улиците на Италија

Како и во други земји, така постои можност да налетате на лажни полицајци во Италија, кои ги „проверуваат“ туристите и крадат пари од нивните џебови.

Многу често тие се појавуваат во цивилна облека и се претставуваат како полицајци и покажуваат лажни значки.

poteshkotii-na-koi-mozhe-da-naidete-kako-turist-vo-stranski-zemji-i-e-dobro-da-gi-znaete-odnapred-08.jpg

Постои шанса случајно да оштетите такси возила во Кина

Такси возачите имаат многу начини на кои ги прелажуваат туристите во разни земји низ светот, но во Кина можете да бидете обвинети за оштетување на возилото без да сте навистина виновни.

Всушност, тие лепат скршена рачка од врата, за кога вие ќе ја потегнете за да ја отворите, тие да ви се развикаат и да ве обвинат терајќи ве да им платите за штетата.

Во таков случај најдобро е да се инволвира полицијата која веројатно ќе открие дека не сте виновни вие.

poteshkotii-na-koi-mozhe-da-naidete-kako-turist-vo-stranski-zemji-i-e-dobro-da-gi-znaete-odnapred-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Долги редици, турканици низ тесните улички - Што може да очекувате од Санторини, ако го посетите во ... За совршени фотки на белите кровови ќе треба да се изборите за место со илјадниц...
Две држави од поранешна Југославија се на листата најубави земји на светот (според туристите) Туристите од цел свет ги избраа 20-те најубави земји. На листата има 3 држави од...
9 најтопли европски дестинации што може да ги посетите и во зима Кипар, Сплит, Крит... Кои европски дестинации може да ги посетите и во зима, за ...
4 острови во Грција кои вреди да се посетат во септември Ако сè уште не сте го поминале летниот одмор и размислувате да го реализирате во...
Германец посетил 190 држави во две години: „Македонија е меѓу најпотценетите, Египет е пренапорен за... „Не одете само во Франција, Италија, Грција и Шпанија. Има уште 40 земји кои мож...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg