Најубавите локации под отворено небо на кои ќе посакате да се разбудите во шатор (фото)
Хотелите и луксузните соби имаат свои предности, но не може да се споредат со тоа да се разбудите под отворено небо со најубавата глетка од природата пред вас.
Таква можност имаат камперите и авантуристите на кои им е потребен само еден шатор, кој го ставаат на место каде никогаш не би ни замислиле дека може да се спие.
На пуста плажа, на врвот на висока карпа, на врв на планина, покрај езеро, над мост или покрај водопади – изборот е неограничен, а авантурата и искуството непроценливо.
Покрај многуте луксузни фотки на инфлуенсерите и блогерите од хотелите ширум светот, Инстаграм профилот youdidnotsleepthere претставува една посебна убавина и споделува фотки од најнелогичните локации на кои луѓето некогаш поставиле шатор и спиеле.
Фотките ќе ве воодушеват и ќе посакате веднаш да пробате едно такво искуство кое би било незаборавно.
Живејте го моментот и инспирирајте се:
М. М. | Црнобело