8 знаци дека ја посетувате Грција толку често што сте грчки експерт
Добро знаете како да поздравите на грчки, а некои од нивните ѕвезди обожавате да си ги слушате и по дома. Плус, грчка салата со тон маслиново масло навистина не ви пречи.
Долги песочни плажи, тиркизно море, таверни со вкусна храна, па не е чудно што Грција е атрактивна туристичка дестинација за луѓето од целиот свет.
Нам ни е дополнително актуелна поради близината, па многу Македонци веќе се станати грчки експерти со оглед на тоа колку често ја посетуваат оваа земја.
Работи кои покажуваат дека сте грчки експерт:
Знаете малку грчки јазик
Ова дефинитивно не е лесен јазик, но ако постојано одите таму сигурно знаете некои зборчиња и основни грчки фрази.
Знаете што значи „kalo mina“
Оваа фраза Грците си ја кажуваат на првиот ден од новиот месец и со тоа си посакуваат да имаат добар месец.
Сте биле таму за Велигден
Грците се големи верници и имаат прекрасни прослави за Велигден со многу традиции и прекрасна храна. Овој празник е период од годината кога најдобро се чувствува грчката култура.
Знаете најмалку 5 грчки ѕвезди
Не само Сакис Рувас и Хелена Папаризу од Евровизија, туку имате и други пејачи кои ги обожавате и ги знаете сите трачеви за нив.
Седите во кафуле долго откако го испивте пијалакот
Ова сигурно го практикувате затоа што и во Македонија се седи на кафе или пијалак во кафуле и по 3 часа.
Игнорирате кога автомобилите забрзуваат на жолто
И додека поголемиот дел од светот би бил запрепастен за ова, ние истото го имаме и во Македонија, па не ни е чудно што возачите место да забават на жолто, тие забрзуваат.
Прифаќате тон маслиново масло во вашата храна
На почетокот можеби превртувавте со очи колку маслиново масло има во вашата грчка салата, но сега веќе сте навикнати на тоа.
Сте посетиле други места освен Солун, првиот крак и дел од островите
Во Солун сте биле многу пати и на кафе и на шопинг, исто така и на сончање на првиот крак, но грчки експерт сте ако сте биле и во главниот град Атина, како и во низа други помали места низ цела Грција.
С. С. | Црнобело