Скопска чаршија, ќебапи и Матка: Туристка што го посети Скопје ги открива неговите најсилни страни
Мија Дропуљиќ вели дека кањонот Матка е вистински спомен на природата, а дека духот на Скопје живее во старите делови од градот.
По 10 години Мија Дропуљиќ од Хрватска одлучила да го посети Скопје. Таа откри дека Охрид ја воодушевил, но ниту Скопје не заостанувало многу зад тоа.
На нејзиниот Инстаграм профил има прекрасни фотки од прошетката низ главниот град на Македонија.
Мија вели дека едно попладне туристите мора да минат во Старата скопска чаршија. „Во овој турски дел од градот секоја уличка е искуство за себе и тука не смеете да не се напиете турско кафе или чај, да јадете бурек, ќебапчиња, тулумби и баклава“, открива таа.
Таа вели дека престанала да брои кога стигнала до 100 споменици во Скопје и вика дека има многу што да се види, но дел од тоа изгледа кич. Исто така, додава дека душата на Скопје всушност живее во старите делови, во кои се вљубила и при посетата пред 10 години, а не во новите градби.
Мија е воодушевена и од љубезноста на жителите, кои сакаат да ви помогнат и да ве упатат.
Најубаво се чувствувала при посетата на Матка, каде ја воодушевиле пеперутките. Во кањонот има 77 ендемски видови на пеперутки. Мија ја посетила и пештерата Врело и се возела со кајче.
Нејзините фотки од Скопје:
С. С. | Црнобело