Патување како медијатор помеѓу она што си сега и она што те чека таму и тогаш

Има периоди во животот кога сфаќаш дека сакаш некое ново доживување, новитет кој ќе те разбуди од дремката на постоењето и ќе те префрли во некаков поразличен концепт.

kolku daleku bi stignal patuvanje kako medijator pomegju ona shto si sega i ona sto te ceka tamu i togash 1

Можеби не толку различен од претходниот, но доволно за провевот што влегува преку пукнатините да те вдахне со дополнителна енергија и помисла дека статус кво точката може да се промени.

Не знам за вас, но за мене патувањето секогаш е медијаторот помеѓу она што сум сега и она нешто што ме чека таму и тогаш.

Долго време размислував дали да продолжам со авантуристичките патувања кои ги започнав во 2014 година. Имаше моменти кога несигурноста и мислите дали чекорам по вистински пат, внатрешно ме дестабилизираa и ја разнишуваа стекната самодоверба.

Е, па, пред неколку недели решив да не се препуштам на општествените стеги, на дофрлувањата дека треба да станам сериозен и да се посветам на канцелариско тапкање во место, демек само така се заработувало, од 8 до 16 часот.

Така, одеднаш, дојде време да се отвори нов простор во мојот живот, да се стапне на скалило, претходно никогаш зачекорено и да се раскаже уште една приказна.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 

Долго време размислував дали да продолжам со авантуристичките патувања кои ги започнав во 2014 година. Имаше моменти кога несигурноста дали чекорам на вистински пат внатрешно ме дестабилизираа и ја разнишуваа и онаа рамнотежа, што пробував да ја воспоставам. Е па токму пред некој ден решив да не се препуштам на општествените стеги, на дофрлувањата дека треба да станам сериозен и да се препуштам на канцелариско тапкање во место, демек се заработувало само во четири ѕида од 8 до 17 часот. Сега, нема да објавам фотка од мојот патнички ранец, кој веќе е подготвен и чека да го наметнам на грб, туку решив да споделам фотографија како во рацете ја држам „Годините кога научив да летам“, метафоричко претставување на изминатите автостоп километри. Конечно дојде време да се отвори нов простор во животот, да се зададе скалило, претходно никогаш стапнато и да се раскаже уште една приказна. Време е да се започне ново патување... - - - #годинитекоганаучивдалетам #dobravodawellness #инстаграмџии #фотонанеделата #фотонаденот #instagraphy #instapassport #bookstagram #bookstagrammer #книга #knjiga #instagraphytk #writersofinstagram #macedonia #travelgram

A post shared by Evgenij Houp (@evgenij.houp) on

Првата дестинација, иако многупати посетувана, ми беше Белград. За оваа балканска метропола секогаш ме поврзуваат топли чувства и слики, посебно оние кои на виделина ја изнесуваат книжевноста.

Мислам дека Белград го сакам токму поради тоа, зошто таму можам да се изгубам во книжарници и антикварници и час-два да прелистувам книги, читајќи различни извадоци.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 

Го обожавам #belgrade. Ретко ми се случува да сакам да одам во еден ист град одново и одново. Ова е град што секогаш знае да ме фасцинира и да ми раскаже уште една приказна што претходно ја немам слушнато. Пријатели ако имате некаков предлог за интересни локации, улички или барови споделете го со мене ? - - - #mynextfirst #liveforthestory #ig_belgrade #srbijauslikama #srbija_u_slikama #instagramsrbija #myserbia #ig_beograd #belgradephoto #serbstagram #instagramserbia #ig_srbija #ig_serbia #putovanja #travelholic #traveller #wanderlusting #vscobalkan #vscomacedonia #инстаграмџии #instagraphytk #rebornphoto #living_europe #living_destinations #ig_masterpiece #europe_vacations

A post shared by Evgenij Houp (@evgenij.houp) on

Престојот од неколку дена помина многу брзо, па така, петтото утро, ненаспан, во 7:20 часот заедно со моите пријатели Сара Александровска и Ѓорѓи Павлески заминавме од Белград, упатувајќи се спрема Дебрецин, Унгарија.

Оттаму сите заедно требаше да се упатиме во селото Хортобај каде ќе работиме во болница за птици. Со текот на годиниве сфатив дека возовите знаат да бидат место за инспирација. Барем, моето искуство зборува за слични ситуации.

Самиот мирис на застоен воздух, натписите во купеата и поспаноста на патниците, онаа отсутност што се препознава во нивниот поглед ми буди чувство дека нешто важно секој момент може да се случи. А пак разговорите повеќе знаат да соголат некоја вистина од било што друго.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 

Понекогаш возовите знаат да бидат место за инспирација. Барем до сега имав неколку такви искуства. Самиот мирис и поспаноста на патниците, онаа отсутност што се препознава во нивниот поглед ми буди едно притаено чувство дека нешто важно секој момент може да се случи. Во купеата знаат да се разврзат интересни дискусии и тоа со странци, таквите разговори ми се најинтересни. Утрово, ненаспан, во 7:20 заминав од #belgrade, оставајќи ги сите нови и стари пријателства зад себе и се упатив кон Унгарија. И додека чекам да пристигнам до крајната дестинација на денот умирам од љубопитност да дознам што е она што ме очекува таму ? ? @filia.morph - - - #dobravodawellness #mynextfirst #liveforthestory #инстаграмџии #фотонаденот #фотонанеделата #rebornphoto #instagraphy #canonphotography #roadtrippin #fromwhereistand #travelgram #digitalnomad #nomadlife #nomadlifestyle #hungary #debrecen #livingmybestlife #living_europe #iamtb #backpacking #backpackingeurope

A post shared by Evgenij Houp (@evgenij.houp) on

После осумчасовно возење и трускање по шини, стигнавме на главната железничка станица во Дебрецин и само што излеговме од вагонот се соочивме со едно временско навраќање.

Очекувавме дека ќе наидеме на некој европски град, модерен и суптилно примамлив, а она што нé пречека беше празна железничка станица, тоалет заклучен со ланец, сомнителни фаци кои се моткаа наоколу.

Немаше луѓе, немаше живо пиле, а се наоѓавме во вториот најголем град во Унгарија со 200.000 жители. Така, стуткани и на штрек, ги чекавме луѓето од болницата да нè соберат со кола и сите заедно се одвезовме 40 километри надвор од градот.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 

Во последниот период некако не ми штимаа сите жички во главата, па решив да заминам од Куманово, и така, од никаде се нацрта во #hortobagy, село во Унгарија со едвај 1 500 жители. Да бидам искрен, Hortobágy нема ништо посебно да понуди освен природа и болница за птици. Местото е пространа рамнина, со еден супермаркет, еден бар, една пицерија и вода што не се пие од чешма. Она што е многубројно тука се комарците. Но, да не должам многу, зајдисонцето ги пополни сите неисполнети очекувања и го рестартираше мојот систем за одново да почнам да ги согледувам работите. ? @filia.morph - - - #hungary #ig_hungary #mynextfirst #liveforthestory #инстаграмџии #фотонанеделата #фотонаденот #rebornphoto #instagraphy #canonphotography #roadtrippin #fromwhereistand #travelgram #digitalnomad #iamtb #livingmybestlife #living_europe #living_destinations #backpackingeurope #debrecen

A post shared by Evgenij Houp (@evgenij.houp) on

Од страна на болницата за птици имавме обезбедено сместување во голема куќа на три ката каде во наредниот период ќе живееме вкупно 15 луѓе од неколку европски држави.

Самата помисла дека својот приватен простор треба да го делам со толкав број на луѓе ме натера да се почувствувам како да се наоѓам во некое реално шоу.

Следното утро, кога се разбудив и ми се разбистри главата, согледав дека се наоѓам во село со едвај 1.500 жители. Да бидам искрен, Хортобај нема ништо што да понуди освен природа и болницата за птици.

Местото е пространа рамнина, со еден супермаркет, еден бар, една пицерија и вода која воопшто не се се пие од чешма, па мораме да тегнеме шишиња од пет литра секој ден. Но, она што е многубројно тука се комарците.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 

Кога на подолго време отседнуваш во некое мало место, на пример село со 1 500 жители, тогаш сите мештани како да сакаат да се доберат што поблиску до новите дојденици. Можеби не се толку дружељубиви, колку љубопитни за тоа да дознаат од каде си, што бараш тука, небаре ќе им ја уништиш секојдневната рутина, која им трае со години. Но, секако постојат и поединци кои се толку љубопитни, па на странците сакаат да им го откријат она што не може да се виде на прв поглед. Таквите моменти се едни од најинтересните ? ? @filia.morph - - - #mynextfirst #liveforthestory #hortobagy #hungary #debrecen #ig_hungary #travelhungary #инстаграмџии #фотонанеделата #фотонаденот #rebornphoto #roadtrippin #fromwhereistand #travelgram #digitalnomad #backpackingeurope #living_europe #living_destinations #iamtb #travelgram #travel_drops #boattrip

A post shared by Evgenij Houp (@evgenij.houp) on

Кога на подолго време отседнуваш во некое мало место, тогаш сите мештани како да сакаат да се соберат што поблиску до новите дојденици. Можеби не се толку дружељубиви, колку љубопитни за тоа да дознаат кој си, од каде си, што бараш тука... Небаре ќе им ја уништиш секојдневна рутина, која им трае со децении.

Да не се разбереме погрешно, постојат и такви поединци, пријателски расположени, кои на странците сакаа да им го откријат она што можеби не се гледа на прв поглед. Е, па, мене таквите моменти ми се едни од најинтересните.

Првите неколку дена беа чисто рекреативни, запознавање со местото, луѓето и новиот начин на функционирање. Имавме и кратка обука, пред сите да започнеме со работа во болницата за птици.

Нешто што го немам работено претходно. Но, да оставам нешто и за друг пат, зошто најинтересно допрва доаѓа!

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...
Плажи на Кипар што вреди да се посетат (и што треба да знаете за нив) Кои се најпосетените плажи на Кипар, а за кои малкумина знаат? Во продолжение из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg