Највозбудливите европски дестинации како скроени за парови

Започнавте да правите ментални планови за вашето следно патување? Доколку преферирате да патувате во парови, Европа е одличен избор за вас. Сепак, некои градови се издвојуваат по своите специфичности, а неколку од нив се идеално скроени за патување во пар.

Evropski-destinacii-kako-skroeni-za-parovi-01.jpg

Каде да отпатувате доколку сакате интересно, исполнето и романтично патување?

ЛОНДОН

Тауер Бриџ, Лондонското око, Бакингемската палата, задолжително возење во препознатливите двокатни црвени автобуси. Плоштадот Трафалгар, Хајд Парк, Вестминстерската катедрала, Биг Бен… листата на работи кои може да ги видите во Лондон е практично бесконечна.

Лондон воедно е одлична дестинација и за сите оние кои обожаваат луди забави и имаат префинето непце за вкусна храна.

Evropski-destinacii-kako-skroeni-za-parovi (1).jpg

ПАРИЗ

За 3 дена можеш да видиш сè, за 3 месеци – ништо. Ова е правилото кое важи за Париз, а започнете со Лувр, Ајфеловата кула, Версај, Триумфалната порта, Нотр Дам, брегот покрај Сена… завршете со романтична вечера, убаво француско вино и локален десерт.

Evropski-destinacii-kako-skroeni-za-parovi (5).jpg

РИМ

Слично како и претходните 2 дестинации и главниот град на Италија изобилува со знаменитости, мода, прекрасна храна и вкусно силно кафе.

Фонтана ди Треви, Колосеумот, Шпанскиот плоштад, Палатата Виторио Емануел и секако, Ватикан. „Вечниот град“ е совршена дестинација која ќе ги задоволи и најпребирливите.

Evropski-destinacii-kako-skroeni-za-parovi (4).jpg

БАРСЕЛОНА

Оној кој дошол еднаш, можеби нема да се врати повторно. Но, оној кој дошол два пати, со сигурност ќе се врати и трет пат во Барселона.

Гордоста на Каталонија ќе ви ја покаже Саграда фамилија, готската катедрала на генијалниот Гауди, потоа паркот Гуељ, Каса Мила и Каса Батљо, Музејот на Пикасо и магичната фонтана.

Прошетајте низ Ла Рамбла и завршете на некоја од градските плажи.

Evropski-destinacii-kako-skroeni-za-parovi (3).jpg

БЕРЛИН

Бранденбуршката капија, особено ноќе, Берлинската катедрала која буквално ќе ве остави подзинати, плоштадот Александар плац, Берлинската телевизиска кула и уште многу други прекрасни знаменитости.

Берлин е метропола со космополитски дух и светска култура. Различностите тука се прифаќаат со широка прегратка.

Evropski-destinacii-kako-skroeni-za-parovi (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg