Хрватка која летово го шетала Охрид: 8 причини зошто и вие да го посетите овој бисер на Македонија
Македонската храна
Огромниот број на ресторани во Охрид со традиционална храна ќе ги задоволат и најпребирливите. Скара, домашен ајвар и пинџур се дел од работите кои не смеете да ги пропуштите. Се разбира, има и одлични пици и тестенини по ниски цени.
Рестораните во турскиот дел може не се фенси, но нудат неверојатни специјалитети. Додека шетате купете си и бурек и разладете се со неколку топки сладолед.
Залезот на сонцето над црквата Св. Канео
Еден семеен пријател од Австралија, кој постојано патува низ светот, ми кажа дека веќе 30 години не може да го заборави залезот на сонцето над црквата Св. Канео. И беше во право.
Моментот кога се палат светлата на старата црквичка, а езерото добива нежно розова нијанса која се меша со сина и тиркизна е оној миг кој се памети цел живот. Во тој миг заборавате на сè околу себе и помислувате колку животот понекогаш знае да биде убав.
Охридските бисери
Кога ќе пристигнете во Охрид познатите охридски бисери ќе ги видите на сите страни. Тајната на вистинските охридски бисери ја знаат само две семејства во Охрид, Талеви и Филеви.
Тие тајната за изработка на овој накит го пренесуваат на машките членови на семејството. Имаат специјален начин на изработка, па подобро е да купите прстен со мал бисер кој крие тајна, отколку да купите некоја евтина копија.
Охридските бутици
Главната улица во Охрид има голем број на бутици во кои ќе пронајдете сè, од спортска облека до раскошни тоалети.
Луѓето
Секој кој ја посетил Македонија ќе биде дочекан со широка насмева од Македонците, чие гостопримство е надалеку познато, а би рекла и дека е влезено во легендите. Срдечни се, комуникативни и подготвени да ви помогнат – ќе ве освојат на прв поглед.
Искористете го времето во Охрид и Македонија за да зборувате со локалните жители затоа што тие ќе бидат тој X фактор кој ќе направи оваа земја да ја ставите на листата на свои омилени дестинации.
Погледнете уште неколку фотки направени од Мија во Охрид:
С. С. | Црнобело