5 совети како поевтино да ја поминете посетата на Париз, без ништо да пропуштите
Париз е град кој вечно ги шармира посетителите, но во исто време, воопшто не е евтин ниту за жителите ниту за посетителите.
Навистина, не може ниту да се очекува град кој е симбол на светлината, љубовта, уметноста, парфемите, модата и храната да биде евтин.
Сепак, тоа не значи дека треба да потрошите купче богатство за само една посета на овој безвременски град.
Прочитајте што можете да направите за да добиете најниски цени, па дури и бесплатни подароци:
Музеи
Во Париз има 130 музеи, иако најпопуларен е секако, Лувр. Ако сте љубител на музиеите, треба да знаете дека во секоја прва сабота во месеците од октомври до март, влезот е бесплатен.
Доколку не сте во можност да патувате во овие периоди, тогаш направете листа со музеите кои сакате да ги посетите.
Пребарајте на интернет нешто повеќе за нив и ќе дознаете во кои денови и во кој дел од денот билетот е поевтин или влезот е бесплатен. Исто така, со купување билет онлајн, може да добиете поголем попуст.
Гробиштата во Париз
Ако сакате да гледате скулптури и уметност, посетата на гробиштата во Париз, колку и да ви се чини бизарна, е целосно бесплатна.
Тука се погребани голем број личности од Франција и од светот, меѓу кои и Оноре де Балзак, Фредерик Шопен, Молиер, Џим Морисон, Оскар Вајлд, Едит Пјаф и многу други.
Светските културни центри
Во Париз можете да најдете културни центри од повеќе држави, кои ја промовираат својата локална култура, организираат музички вечери со свои ѕвезди, а влезот е бесплатен или се плаќа симболична сума.
Можете да одберете меѓу 60 постојани културни центри на странски држави каде се организира богата културна и уметничка програма.
Источен Париз
Како и секаде, така и во Париз постои разлика меѓу источниот и западниот дел од градот. Источниот дел на Париз е преполн со мали ресторани и кафулиња со многу пониски цени отколку во централниот или западниот дел.
Исто така, има и азиски ресторани и киосци со брза храна. Овој дел е порелаксиран отколку остатокот од Париз, бидејќи тука се движат странци, уметници, студенти и припадници на работничката класа.
Во источен Париз ќе најдете и многу шармантни книжарници, продавници за антиквитети, мини галерии и улична уметност.
Пазари
Како и во секоја држава, така и на пазарите во Париз можете да набавите вкусни и свежи намирници по пониска цена отколку во супермаркетите. Исто така, има и мали ресторани со брза храна.
Со тоа што ќе го купите, можете да организирате пикник, кој е многу популарен во Париз. Наместо да седнете во скап ресторан, можете да уживате во храната покрај брегот на Сена, на клупа или во трева кај Ајфеловата кула.
Е. Д. | Црнобело