Фото-приказна: прошетајте низ стариот дел на градот Охрид

Летото сите нè намами да се собереме во Охрид, ако ништо друго барем на два-три дена, чисто да ја разбиеме монотонијата на секојдневието. Работните обврски ги оставивме настрана и бевме подготвени да се нурнеме во водите на Охридското езеро. 

foto-prikazna-prosetajte-niz-stariot-del-na-gradot-ohrid-01.jpg

Оваа симбиоза на природното и културното наследство нé прави посебно горди што е дел од нашата татковина.

Иако многумина сакаат денот да го поминат на плажа, пиејќи коктели и уживајќи во електронска музика, мислам дека никој не остана рамнодушен и барем еднаш не ги остави лежерните работи настрана и се реши да ги прошета лавиринтите во стариот дел на градот.

Свесни сме дека градската архитектура во Охрид има посебно место во културното наследство, и токму таму, има голем број на сочувани градби во стилот на ориенталната градска куќа, ѕидана уште во текот на XVIII, XIX и почетокот на XX век.

View this post on Instagram

A post shared by Evgenij Houp | (Milosh) 🧭 (@evgenij.houp)

Со векови наназад, традиционалната македонска архитектура е едно од важните обележја на македонскиот народ, а се смета дека на територијата на Охрид во последните 7.000 години постоел континуиран живот.

foto prikazna prosetajte niz stariot del na gradot ohrid 5

Кога ќе ги прошетате тесните улички низ стариот дел од градот, тогаш патот ве води до магијата на Охрид, а тоа е црквата Св. Јован Канео и чистиот поглед што го овозможува овој надреален простор.

foto prikazna prosetajte niz stariot del na gradot ohrid 2

Гледано од страна на симболите, како и кај сите народи, така и кај нас, куќата е поимање на космосот. Покривот се поврзува со небесниот свет, подот ја носи сликата на земјата, а ѕидовите ја имаат улогата на четирите страни на светот.

Ова интересно симболичко претставување на куќата се надополнува со уште неколку категории, а тоа е дека собите и пред сé луѓето кои живеат во куќата се всушност душата на самото здание.

foto prikazna prosetajte niz stariot del na gradot ohrid 4

foto prikazna prosetajte niz stariot del na gradot ohrid 3

Секој зададен чекор во Охрид нè следи со интересни спомени и уште повеќе нè поврзува со трезорот на историјата, минатото и духовното богатство што е дел од сите нас.

foto prikazna prosetajte niz stariot del na gradot ohrid 1

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...
Неколку причини зошто да го посетите Бледското Езеро во Словенија Во средината на езерото е сместена црквата „Успение на Богородица“ каде посетите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg