Локации од култни филмови: Идеални дестинации за секој филмоман

Во еден момент од животот се запрашав, кои дестинации би сакал да ги посетам ако сум голем филмоман? Периодов е таков, опуштен, измислен за долги патишта, за песочни плажи и ладен пијалак, туристички мапи од градови и нотес со забелешки и желби што да се посети. 

lokacii-od-kultni-filmovi-idealni-destinacii-za-sekoj-filmoman-01.jpg

Не мора да лутаме настрана, за почеток нека биде Европа како наша одредница, па од тука да почнеме да ги поврзуваме филмовите со реалноста.

Да се наоѓаат сличности помеѓу овие две крајности и да се препознаваат култни сцени од нашите омилени филмови.

Inception

Да почнеме од Париз, кој ако добро се сеќавам е град каде што се снимаат најмногу филмови. Се прашувам само зошто тоа е така?

Град на култура и место каде големи великани имаат живеено - Пруст, Пикасо, Дали... Е, па токму во 15-ти арондисман, попрецизно во едно од најубавите соседства во Париз, како што велат туристите, се наоѓа мостот Bir-Haikem каде е снимена сцената со Леонардо Ди Каприо и Марион Котијар.  

destinacii od kultni filmovi vistinsko mesto za sekoj filmoman 5

La Vita e Bella

Роберто Бенини секогаш знае да избере одлични локации за своите филмови, а таков е случајот и со неговиот култен La Vita e Bella, снимен во италијанскиот град Арезо.

Нема сомнение дека Piazza Grande е најграндиозната локација од филмот, но исто така и останатите места низ Арезо го доловуваат тој романтичен елемент каде патиштата на двајцата туѓинци се спојуваат.

FotoJet3311

James Bond - On Her Majesty’s Secret Service

За Португалија може многу да се пишува, а самиот факт што еден од филмовите за Џејмс Бонд е снимен во градот Есторил значи многу за визуелниот дел.

На само неколку километри од Лисабон, поточно во округот на Кашкаиш, кое што јас го нарекувам португалско Монако е вистински рај, зошто не ни можеш поразлично да се чувствуваш на тоа место. Океан, ветер, сонце и плажи исполнети со луѓе.

destinacii od kultni filmovi vistinsko mesto za sekoj filmoman 2

Mamma Mia

Многумина од нас знаат за прекрасните плажи во Скопелос, Грција каде што на времето е снимен филмот Mamma Mia. Не би сакал да ви го одвлекувам вниманието, но самата помисла на тиркизна вода, традиционална кујна и совршена клима ќе ве извлече од стол и ќе посакате да се телепортирате таму.

destinacii od kultni filmovi vistinsko mesto za sekoj filmoman 1

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg