Зошто одморот со најдобрата другарка е подобар отколку со кој било друг?

Понекогаш, во секоја врска доаѓа до момент кога партнерите треба да си дозволат секој да отиде на одмор со своите најдобри пријатели, со цел да се избегне монотоност и стрес.

zoshto-odmorot-so-najdobrata-drugarka-e-podobar-otkolku-so-koj-bilo-drug-01.jpg

Нема ништо лошо во тоа да отидете на одмор со најдобрата другарка наместо со момчето. Забавата е загарантирана, а ќе поминете и доволно време заедно за да го зацврснете вашето пријателство.

Сепак, оваа одлука треба да ја донесете со партнерот, за да избегнете конфликти. Откако тоа ќе го направите, подгответе се за најдобриот одмор во последните години.

Кои сè предности ги има летувањето со најдобрата другарка:

Нема напнатост, туку само смеа

Без разлика дали сте две, три или четири, сигурно е дека веќе не можете да се изненадите една со друга со вашите навики, ниту пак тоа да влијае на вашето другарство.

Подгответе се за максимално релаксиран одмор, полн со забава и авантура, како и испробување на нови нешта и истражување на нови предели.

zoshto-odmorot-so-najdobrata-drugarka-e-podobar-otkolku-so-koj-bilo-drug-02.jpg

Разговарате колку што сакате

Не секогаш можете со дечкото да разговарате на која било тема, додека со другарките со кои сте блиски знаете кога да зборувате, но и кога да си дадете доволно простор и тишина една на друга.

zoshto-odmorot-so-najdobrata-drugarka-e-podobar-otkolku-so-koj-bilo-drug-002.jpg

Истражувате наоколу

Момците повеќе сакаат кога нештата се сигурни и стабилни, па малку е веројатно дека ќе учествуваат во вашите прошетки, пешачења, разгледувања на околината или барање диви плажи.

Со другарките сигурно ќе успеете да се организирате да направите што повеќе од овие нешта.

zoshto-odmorot-so-najdobrata-drugarka-e-podobar-otkolku-so-koj-bilo-drug-03.jpg

Испробување локална храна

Нарачајте една порција од нешто што ви е познато, но другата нека биде некој локален специјалитет кој можеби и ви изгледа доста сомнително и не разбирате во целост од што е подготвен.

Ова е еден од спомените што ќе ги памтите цел живот, било да се погодила храната вкусна или пак, сосема чудна и не по ваш вкус.

zoshto-odmorot-so-najdobrata-drugarka-e-podobar-otkolku-so-koj-bilo-drug-04.jpg

Запознавате нови луѓе

Кога сте на одмор со момчето, помала е веројатноста дека ќе се запознаете со оние кои се сместени до вас во хотелот или вилата, иако не мора да значи.

Но, кога сте само другарки, многу полесно е да го направите тоа, да си најдете друштво и да се забавувате, што можеби и ќе ви донесе пријатели за цел живот.

zoshto-odmorot-so-najdobrata-drugarka-e-podobar-otkolku-so-koj-bilo-drug-05.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Две држави од поранешна Југославија се на листата најубави земји на светот (според туристите) Туристите од цел свет ги избраа 20-те најубави земји. На листата има 3 држави од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg