Волшебни библиотеки кои се туристички атракции за љубители на книги и патувања

Доколку сакате патувања и книги, тогаш погледнете каде можете да заминете и да уживате во автентичните градски библиотеки, во кои ќе сакате да останете колку е можно подолго.

Volshebni-biblioteki-koi-stanale-vistinski-turistichki-atrakcii-01.jpg

Ова е краток пат околу библиотеките низ светот, на вас е да одберете каде би заминале.

Тијанџин Бинаи - Кина

Спектакуларна библиотека која не личи на ниту една досега видена. Доколку Кина е на вашата мапа за патување, посетете ја оваа едноставно прекрасна библиотека, која се протега на површина од 33.800 метри квадратни, со брановидни полици преполни со книги.

Оваа библиотека има и осветлени сферни простории, наликува на пештера и е уживање за сите сетила, особено на страсните читатели, но и оние кои сакаат убаво уреден простор.

Volshebni-biblioteki-koi-stanale-vistinski-turistichki-atrakcii-02.jpg

Библиотеката во Адмонт - Австрија

Ова е најголемата манастирска библиотека во светот. Се наоѓа во градот Адмонт и содржи над 200.000 наслови поврзани со уметноста и културата низ вековите.

Таму се чуваат заштитени 900 примероци од најстарите печатени книги, но и околу 70.000 ракописи, поставени на полици во централниот дел. Дневната светлина влегува низ 48 големи прозорци, симбол на просветителските идеи.

Volshebni-biblioteki-koi-stanale-vistinski-turistichki-atrakcii-03.jpg

Библиотеката во Виблинген - Германија

Величествена сала во која се чуваат стари и многу вредни ракописи. Ентериерот на библиотеката е еден од најубавите примери на уметничкиот рококо стил.

Надворешната фасада е правена да изгледа како Царската библиотека од Виена, за да се нагласи поврзаноста на Виблинген со кралската лоза.

Заедно со фреските и статуите, библиотеката во Виблинген претставува значајно културно, архитектонско и уметничко наследство на Германија.

Volshebni-biblioteki-koi-stanale-vistinski-turistichki-atrakcii-04.jpg

Португалската кралска библиотека - Бразил

Оваа библиотека се градела во периодот меѓу 1880 и 1887 година, во Рио де Жанеиро. Денеска, таа ја содржи најголемата колекција на вредни португалски дела надвор од Португалија.

Може да се најдат повеќе од 350.000 наслови, меѓу кои има и оригинални записи на големи португалски литературни дела.

Секоја година библиотеката се збогатува со околу 6.000 наслови и се очекува наскоро книжевниот фонд да достигне бројка од 400.000 книги. Освен книги, таму има и бројни уметнички дела значајни за португалската историја.

Volshebni-biblioteki-koi-stanale-vistinski-turistichki-atrakcii-05.jpeg

Рингишпил на светлината (Cărturești Carusel) - Романија

Импресивна зграда сместена во Букурешт, која е обновена и во нејзе е сместена најголемата библиотека во Романија. Името во превод значи „рингишпил на светлината“. Библиотеката има шест ката и располага со над 10.000 книги од најразлични области и 5.000 албуми и ДВД-дискови со најразлични мултимедијални содржини.

Исто така, има и места за дружење на читателите, мултимедијален простор и галерија посветена на современата уметност. Покрај тоа, има и книжарница каде се продаваат книги.

Volshebni-biblioteki-koi-stanale-vistinski-turistichki-atrakcii-06.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg