Како се живее во најбогатото соседство Gangnam во Јужна Кореја, за кое пееше Псај? (фото)

Сите играа на песната „Gangnam Style“, а пејачот Псај стана светски хит, но дали знаете од каде всушност тој доби инспирација за песната?

12-fakti-za-zivotot-vo-najbogatoto-sosedstvo-gangam-vo-juzna-koreja-za-koe-peeshe-psaj-foto-01.jpg

Корејскиот поп пејач Псај во 2012 година ја отпеа „Gangnam Style“, која стана интернационален мега хит. Преку неговата песна цел свет слушна за најзначајната област во Сеул Gangnam, која многумина ја нарекуваат Beverly Hills на Јужна Кореја.

Во областа има многу економски значајни објекти, како оние на Google, IBM и Toyota, но е и омилената локација за живеење на богатите Корејци. Депозитот за изнајмување на дом тука чини колку 10-годишната плата на просечен Кореец.

Да се живее во Gangnam е симбол за статус и тука имаат раскошни домови многу познати корејски актери, бизнисмени и политичари.

12-fakti-za-zivotot-vo-najbogatoto-sosedstvo-gangam-vo-juzna-koreja-za-koe-peeshe-psaj-foto-02.jpg

Како изгледа животот во најзначајната област во Јужна Кореја:

Се наоѓа во Сеул, јужно од реката Хан.

12-fakti-za-zivotot-vo-najbogatoto-sosedstvo-gangam-vo-juzna-koreja-za-koe-peeshe-psaj-foto-03.jpg

Од крајот на 1970-тите стана највлијателното соседство во кое живеат супер богатите.

12-fakti-za-zivotot-vo-najbogatoto-sosedstvo-gangam-vo-juzna-koreja-za-koe-peeshe-psaj-foto-04.jpg

На улицата Apgujeong Rodeo Street во Gangnam ги има најлуксузните светски брендови.

12-fakti-za-zivotot-vo-najbogatoto-sosedstvo-gangam-vo-juzna-koreja-za-koe-peeshe-psaj-foto-05.jpg

Ако имате имот таму, тоа е доволен доказ колку сте високо на социјалната скала.

12-fakti-za-zivotot-vo-najbogatoto-sosedstvo-gangam-vo-juzna-koreja-za-koe-peeshe-psaj-foto-06.jpg

Но, и покрај високите цени, многу згради изгледаат просечно.

12-fakti-za-zivotot-vo-najbogatoto-sosedstvo-gangam-vo-juzna-koreja-za-koe-peeshe-psaj-foto-07.jpg

Доказ за тоа колку е богатото соседство се луксузните автомобили паркирани пред зградите.

12-fakti-za-zivotot-vo-najbogatoto-sosedstvo-gangam-vo-juzna-koreja-za-koe-peeshe-psaj-foto-08.jpg

12-fakti-za-zivotot-vo-najbogatoto-sosedstvo-gangam-vo-juzna-koreja-za-koe-peeshe-psaj-foto-09.jpg

Уште 6 факти за животот таму на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
5 најубави кампови на Халкидики, идеални за семеен одмор или летување со друштво Ако досега никогаш не сте летувале во камп, ви препорачуваме 5 кампа кои се наоѓ...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg