Се протега на 6.852 острови, Токио е најнаселениот град на светот: 8 факти за Јапонија

Дали ви се верува дека поголемиот дел од метро линиите во Токио функционираат со 199% од својот капацитет?

se-protega-na-6852-ostrovi-tokio-e-najnaseleniot-grad-na-svetot-8-fakti-za-japonija-01.jpg

Јапонската традиција, но и напредниот начин на функционирање на оваа модерна земја отсекогаш ја будел љубопитноста кај остатокот од светот.

Интересни факти за Јапонија:

Се протега на 6.852

Јапонија е земја сочинета од група острови. Јапонскиот архипелаг се состои од 6.852 острови од кои само 430 се населени.

Најголем е Хоншу и се смета и за јапонско копно.

se-protega-na-6852-ostrovi-tokio-e-najnaseleniot-grad-na-svetot-8-fakti-za-japonija-03.jpg

Токио е најнаселениот град на светот

Главниот град на Јапонија има 38.140.000 жители и е најнаселениот град на светот.

Според некои анализи, се предвидува дека ќе ја носи оваа титула до 2030 година.

se-protega-na-6852-ostrovi-tokio-e-najnaseleniot-grad-na-svetot-8-fakti-za-japonija-04.jpg

se-protega-na-6852-ostrovi-tokio-e-najnaseleniot-grad-na-svetot-8-fakti-za-japonija-11.jpg

Има луѓе кои се вработени да туркаат патници во метрото во ударните термини

Околу 57% од населението во Токио користи јавен превоз, а со тоа се создава голема гужва. Поголемиот дел од метро линиите функционираат со 199% од својот капацитет и резултатот е тон стиснати луѓе со лицата залепени за прозорците во метрото.

Градот дури вработува и т.н. „transit pushers“ кои ги туркаат патници да успеат да влезат во метрото во ударните термини.

se-protega-na-6852-ostrovi-tokio-e-najnaseleniot-grad-na-svetot-8-fakti-za-japonija-05.jpg

Има повеќе миленици од деца

Во една анализа во 2013 година откриено е дека имало 21.3 милиони мачки и кучиња регистрирани како миленици во Јапонија и само 16.5 милиони деца на возраст под 15 години.

Јапонија изгледа е рај за љубителите на животни.

se-protega-na-6852-ostrovi-tokio-e-najnaseleniot-grad-na-svetot-8-fakti-za-japonija-06.jpg

Криминалот речиси и не постои

Стапката на убиства во Јапонија е 15 пати помала од таа во САД. Јапонија е прогласена за најбезбедната земја во Азија и е втората земја во светот со најниска стапка на самоубиства.

Дури и пренаселениот Токио е еден од најбезбедните градови на светот, со улици речиси без криминал.

se-protega-na-6852-ostrovi-tokio-e-najnaseleniot-grad-na-svetot-8-fakti-za-japonija-07.jpg

Има многу малку доселеници

Речиси секој што живее во Јапонија е роден таму. Всушност, 98% од популацијата се Јапонци, а само 2% странци.

Земјата цели кон разноликост со години и сака да привлече доселеници.

se-protega-na-6852-ostrovi-tokio-e-najnaseleniot-grad-na-svetot-8-fakti-za-japonija-09.jpg

Бејзболот им е најпопуларен спорт

Иако, бејзболот се смета за типично американски спорт, го обожаваат и Јапонците.

Но, најопседнати со него се постарите, додека помладата генерација сè повеќе се ориентира кон гледање фудбал.

se-protega-na-6852-ostrovi-tokio-e-najnaseleniot-grad-na-svetot-8-fakti-za-japonija-08.jpg

Врзувањето во кревет потекнува од Јапонија

Во 1400 година полицајците користеле техника „shibari“, уметност на врзување со јаже, за да ги држат затворениците заробени.

Кон крајот на 1800-тите нов бран на „shibari“ започнал кога уметноста на врзување била внесена во спалната соба. Позиционирањето на јазлите на одредени точки од телото за стимулирање на сексуално задоволство оттука се проширило низ целиот свет.

se-protega-na-6852-ostrovi-tokio-e-najnaseleniot-grad-na-svetot-8-fakti-za-japonija-10.jpg

Прочитајте и 12 луди работи кои можете да ги доживеете само во Јапонија!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
4 европски острови кои вреди да ги посетите според Forbes: Хвар во Хрватска е на прво место Кои 4 европски острови вреди да се посетат според Forbes? Кои од нив се релативн...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg