Хотелски персонал споделува трикови како да имате поудобен и пријатен престој

При сместувањето во хотели, независно дали е бизнис патување или одмор, сите очекуваме пријатност и удобност за пристапна цена.

hotelski-personal-spodeluva-trikovi-kako-da-imate-poudoben-i-prijaten-prestoj-01.jpg

Сепак, многу често се случуваат непријатни изненадувања – појадокот не е каков што очекувате, се доплаќаат дополнителни услуги кои мислите дека се вклучени во цената и слично.

За да ги избегнете таквите ситуации, ќе ви бидат од корист советите кои ги споделуваат вработените во хотелот, а не можат да се најдат секаде.

Трикови на кои треба да обрнете внимание при изборот на хотел и резервирањето:

Најдобар начин за резервирање соба

1. Пред да резервирате соба во одреден хотел, споредете ги цените за собите на различни сајтови за резервација, како и директно во самиот хотел. Во поголем дел од случаите, системите за букирање нудат поевтини цени од самата страна на хотелот, а многу сајтови како Booking нудат и дополнителни попусти.

2. Ако најдете добра понуда на сајтот, можете да се јавите директно во хотелот и да прашате дали може да резервирате соба по цената која сте ја виделе на нивната страна. Најверојатно ќе го добиете тоа што го сакате, бидејќи за хотелите е попрофитабилно да резервирате директно кај нив отколку преку друг систем за резервации, кој зема процент за тоа.

3. Ако не ви е првпат да престојувате во тој хотел, кажете го тоа на рецепционерот или на телефонскиот агент. Хотелите ги ценат своите редовни гости и можеби ќе добиете дополнителен попуст откако ќе се уверат за информацијата во нивниот систем.

4. Малкумина знаат дека во некои (не во сите) хотели, можете да резервирате само половина ден, односно 12 часа престој. Цената ќе биде многу поевтина, а системите за онлајн резервација не нудат таква понуда, па доколку некогаш ви е потребен краток престој, обидете се и прашајте, можеби ќе ви се посреќи.

hotelski-personal-spodeluva-trikovi-kako-da-imate-poudoben-i-prijaten-prestoj-02.jpg

Важни трикови и факти

1. Ако планирате да се најавите порано или да се одјавите подоцна, треба однапред да го кажете тоа за да ви ја потврдат таа можност. Со оглед на тоа што речиси секаде пријавувањето почнува по 14 часот, а одјавувањето е до 12 на пладне, имајте предвид дека можеби ќе треба да доплатите за промена.

2. Мора да го информирате хотелот за точниот број на гости кои ќе престојуваат во вашата соба, колку кревети ви требаат и дали сакате кревет за дете или дополнително легло. Понекогаш луѓето резервираат единечна соба, а патуваат како пар бидејќи мислат дека може да спијат на еден кревет, но во тој случај, сепак се доплаќа и за вториот гостин.

3. Некои хотели прифаќаат документи за идентификација како лична карта или возачка дозвола, а други бараат исклучиво пасош. Затоа, каде и да патувате, добро е прво да прашате што ќе ви биде потребно.

Дополнителни услуги

1. Ако сте на меден месец, или за време на престојот прославувате роденден или годишнина, не заборавајте да го напоменете тоа во хотелот. Многу менаџери се обидуваат да им честитаат на гостите со декорирање на собата, подароци, бесплатни услуги или скромна собна послуга.

2. Проверете какви услуги има хотелот. Ако има сауна, базен или соба за деца, подобро е да ги користите наутро, кога нема многу луѓе во тоа време, а ако некои од нив се наплаќаат, најчесто цените се помали во утринските часови кога речиси никој не ги користи.

3. Има услуги кои можете да ги добиете бесплатно од персоналот, како на пример, да си нарачате будење по телефон, да ви повикаат такси или да ви резервираат маса во некој ресторан. Тие исто така можат и да ви дадат информации за места низ градот, екскурзии и да ви дадат мапа од местото.

4. Во повеќето хотели може да се најдат фен за коса, електрично ѓезве, пегла, прибор за хигиена и слично, па однапред проверете со што располага хотелот за да знаете што не мора да носите дополнително.

5. Ако ви е потребно дополнително ќебе, перница, постелнина, пешкир и слично, не се двоумете да побарате - во најголем дел од хотелите тоа е бесплатно и ви следи!

6. Во голем број од хотелите, не се дозволени миленичиња. Сепак, има некои кои дозволуваат но само ако оставите депозит однапред во случај миленичето да уништи нешто од сопственоста на хотелот. При одјавувањето, персоналот ја проверува собата и ако ништо не е оштетено, ви ги враќаат парите. Сепак, проверете и прашајте дали таа услуга е возможна во хотелот кој го резервирате.

Храна и оброци

1. Во многу хотели во цената за соба е вклучен и појадок. Но, ако не ви е потребен може да побарате да ви го исклучат од цената.

2. Пред да нарачате храна во хотел, прочитајте коментари и критики на интернет. Во големите хотели, најчесто има високи стандарди, но во поевтините, храната може непријатно да ве изненади и да добиете нешто сосема поразлично од очекуваното.

3. Оние кои во цената имаат вклучен појадок, но немаат време да одат во времето кога почнува бидејќи мора порано да излезат, можат да побараат спакуван оброк. Најавете го ова во хотелот и прашајте дали постои таква опција.

hotelski-personal-spodeluva-trikovi-kako-da-imate-poudoben-i-prijaten-prestoj-03.jpg

Стандарди за чистење на собите

1. Не се плашете дека персоналот нема да ја промени постелнина по заминувањето на гостите пред вас, бидејќи тоа е неприфатливо речиси секаде. Но, ако сепак тоа се случи, веднаш пријавете на рецепција.

2. Според стандардите, собата се чисти додека гостите се надвор од неа. Ако сте во собата, а хотелот нуди чистење секој ден, ќе тропнат и ќе ве прашаат дали може да се исчисти собата. Доколку пак го ставите однадвор знакот за не вознемирување, нема воопшто да се обидат да влезат.

3. За дополнително чистење и перење или пеглање на облека, треба да доплатите, доколку хотелот воопшто нуди таква услуга.

4. Менување на пешкири и постелнина во собите најчесто се одвива на 3-5 дена, зависно од хотелот, но тоа правило важи за оние со 2-3 ѕвезди. Во хотелите со 5 ѕвезди, постелнината и пешкирите може да се менуваат на дневно ниво, на ваше барање.

hotelski-personal-spodeluva-trikovi-kako-da-imate-poudoben-i-prijaten-prestoj-04.jpg


Имајте во предвид дека овие факти важат за повеќето хотели, но не за сите и за секое место низ светот, затоа најдобро е да се информирате во самиот хотел за секоја од наведените работи кои ве интересираат дополнително.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg