Меден месец на Малдивите - сé она за кое сте сонувале и многу повеќе
Новопечените брачни парови имаат различни желби и афинитети кога станува збор за медениот месец. Некои сакаат егзотични дестинации, други културолошки градови кои дишат со архитектура и историја.
Но, една локација останува на врвот на местата за посета, без оглед на карактерите и вкусовите на партнерите – рајските Малдиви.
Опишете ги Малдивите само со еден збор? СОН. Ситен пудрест песок на долги плажи кои се протегаат до недоглед и тиркизно бескрајно синило во кое сакате длабоко да нурнете.
Глетката на Малдивите е просто нереална. Интимни бунгалови кои „пловат“ над вода, вкусна храна и магични пејзажи. Синило, сонце и мир, а авантуристите може да уживаат и во долги велосипедски обиколки на островот.
Таму се крие неверојатно зеленило како во вистинска џунгла, а ноќта го носи зајдисонцето со сите можни бои кои се прелеваат на небото и се отпечатуваат во вашата меморија.
Дали навистина Малдивите се рајот на земјата проценете сами по фотките:
(О)Милена | Црнобело