Спој на дивина и неверојатен поглед: Плажата Милос на Лефкада е уникатно доживување (фото)
Сите што не сакаат гужви на оваа прекрасна плажа ќе го пронајдат својот мир.
Плажата Милос се наоѓа на западниот дел на јонскиот остров Лефкада во близина на селото Агиос Никитас.
До неа имате десетина минути одење преку едно брдо со шума, но трудот вреди бидејќи оттаму ќе имате една од најубавите глетки на овој Јонски остров.
Плажата е огромна песочна, а морето има неверојатна тиркизна боја што ќе ви го одземе здивот. Дотаму можете да стигнете и со бротче за неколку евра од Агиос Никитас.
На Милос понесете си чадор и студени пијалаци бидејќи тука нема кафуле, а токму таа нота на недопрена природа ја прави магична. Спојот на дивина и прекрасна природа ќе ви донесе уникатно доживување.
С. С. | Црнобело