Три дестинации за одмор и забава во Шпанија
Шпанското крајбрежје е едно од најубавите и најпосетените места за летен одмор. Изобилува со прекрасни плажи за сечиј вкус, и за оние кои сакаат мир и спокој, и за оние кои планираат лудо да се забавуваат.
Следните три дестинации ќе ви пружат одмор и уживање во секој миг. Погледнете зошто Шпанија e избор на познатите личности од шоу-бизнисот.
Ибица
Ја знаеме како кралица на забавите, место на кое ќе имате можност да се забавувате со најдобрите светски диџеи, па и да сретнете некоја холивудска ѕвезда. Плажата Cala Xuclar е вистинска мирна оаза, но никако не ги пропуштајте забавите во кафулињата и дискотеките во близина.
Мајорка
Најголемиот остров во Шпанија нуди незаборавен одмор и уживање во Средоземното море најмногу поради фактот што претставува комбинација од прекрасна природа - национални паркови и бели песочни плажи и луди ноќни забави. Место за вистинските хедонисти.
Кадакес
Кадакес е град во кој живее стариот дух на Медитеранот. Тесни улички, интересни продавници со уметнички ракотворби и гостопримливо население. Одличен избор за сите кои сакаат потполно да се препуштат и да ја доживеат магијата на Шпанија во вистинска смисла на зборот.
М. В. | Црнобело