За сите гурмани кои сакаат да патуваат: 7 острови со највкусна храна

Некои од најпознатите светски плажи, нудат многу повеќе од само бисерно бел песок и кристално бистро море.

za-site-gurmani-koi-sakaat-da-patuvaat-7-ostrovi-so-najvkusna-hrana-001.jpg

Поради големиот број на природни убавини кои ги поседуваат Санторини, Миконос или Сицилија, сите ја запоставуваат кујната на овие прекрасни острови.

Овие дестинации освен морската храна која ја имаат во изобилие, нудат и други вкусни јадења во кои ќе уживате поради егзотичните зачини и билки со кои се подготвува пилешко, мусака, салати и многу други јадења кои не сте имале можност да ги пробате.

Дознајте која храна е специјалитет на секој од овие острови и доколку во брзо време одите на некој од нив, подгответе се за незаборавно искуствo.

Бали

Најпопуларниот индонезиски остров за туристите е вистински рај на земјата. Уживањето ќе го надополни и гастрономската понуда која се базира на јадења чија основна состојка е ориз, а се комбинира со пилешко, говедско и со зеленчук. Вкусно и здраво.

za-site-gurmani-koi-sakaat-da-patuvaat-7-ostrovi-so-najvkusna-hrana-03.jpg

Миконос

На овој прекрасен остров, исполнет со многу ресторани и клубови, најпознат специјалитет е Louza loukaniko, односно посебен вид на кобасици, како и Kopanisti, вид на козјо сирење кое потекнува од таму.

za-site-gurmani-koi-sakaat-da-patuvaat-7-ostrovi-so-najvkusna-hrana-04.jpg

Санторини

Со оглед на тоа дека зеленчукот, овошјето и житариците растат на вулканско тло, целата храна на овој прекрасен грчки остров, има посебен вкус.

Со рибата задолжително пробајте го белиот домат, а за љубителите на месо препорачуваме Sutsukaki, ќебапи со домат и Souvlaki, ражничи со јагнешко.

za-site-gurmani-koi-sakaat-da-patuvaat-7-ostrovi-so-najvkusna-hrana-05.jpg

Сицилија

Во Италија, посебно на островите, на храната и се посветува посебно внимание, а нешто што мора да пробате се Arancini, кои се продаваат зад секој агол, односно поховани топчиња од ориз, полнети со мелено месо и пршута во сос од домати.

Овде има голема низа на храна со богат вкус, како крокети – пржени топчиња од компир со зачини, или пицета, односно мини пица и уште многу други јадења кои ќе мора да ги истражите и вкусите.

za-site-gurmani-koi-sakaat-da-patuvaat-7-ostrovi-so-najvkusna-hrana-06_copy_copy_copy.jpg

Крит

На Крит може да уживате во сите традиционални рецепти на грчката кујна, како што се сармите од лозов лист и пити со спанаќ. Сепак, овој остров поседува и сопствен специјалитети како Dakos – вид на леб со домати, фета, маслинки и зачини.

А, љубителите на благо задолжително да го пробаат кремастото сирење, попрскано со шеќер во прав и цимет, а вкусот да го дополнат со одлично домашно вино, како што е Kotsifali.

za-site-gurmani-koi-sakaat-da-patuvaat-7-ostrovi-so-najvkusna-hrana-07.jpg

Капри

Најпопуларен десерт на овој италијански остров е секако, сладоледот, а омилени вкусови се страчатела, бадем и лимон. Специјалитет на островот е пица со шунка и смокви. Би пробале?

za-site-gurmani-koi-sakaat-da-patuvaat-7-ostrovi-so-najvkusna-hrana-08.jpg

Малдиви

Ако сте љубител на морската храна, ова е дестинација измислена за вас. Па, дури и ако сакате сами да ја уловите вечерата, имате можност за тоа, а куварите со задоволство ќе го подготват тоа за вас, секако со задолжителен прилог од сос со зачини.

za-site-gurmani-koi-sakaat-da-patuvaat-7-ostrovi-so-najvkusna-hrana-02.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
4 европски острови кои вреди да ги посетите според Forbes: Хвар во Хрватска е на прво место Кои 4 европски острови вреди да се посетат според Forbes? Кои од нив се релативн...
Скриено парче рај во Хрватска – остров без автомобили, со бујна природа (фото) Автомобилите се забранети, а природата е недопрена - како изгледа ова мало парче...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg