12 едноставни начини како да го надминете стравот од летање со авион
Преку текот на целата година едвај чекаме да дојде времето за годишен летен одмор да уживаме во топлата клима, песочните плажи, коктелите и разладувањето во морска вода.
Но, некои од нас, иако сакаат да отидат некаде далеку, се плашат да се качат во авион.
Сепак, постои начин како да го надминете тој страв и да отпатувате во некоја далечна егзотична дестинација.
Неколку совети како можете да го постигнете тоа:
1. Информирајте се
Многу се плашат да летаат со авион заради фактот што несвесно не можат да разберат како така огромна машина може да лета во воздух. За да го надминете стравот добро е да изгуглате неколку работи:
- Како авионот се „држи“ во воздух?
- Што е тоа турбуленција? Наједноставно може да се објасни како грубо движење низ воздух...
- Како авионите се контролираат од доле за да не дојде до судир?
2. Проучете ја статистиката
Статистиката е ваш пријател, бидејќи ќе ви покаже дека шансите за да се сруши авион се екстремно мали, поточно, 1 на 30 милиони.
- Пример, поголеми се шансите да починете од труење со храна, отколку од паѓање на авион
- Авионот е 6.000 пати побезбеден за патување од автомобилот.
- Моментално, во воздух постојат околу 13.000 авиони и во секој од нив има по барем еден преплашен патник кој ќе биде среќен само што ќе слета авионот.
3. Подгответе ги вашите сетила
Паниката често се случува затоа што не сте запознаени со тоа што е нормално додека авионот лета:
- Нормално е да ви се промени организмот
- Нормално е да почувствувате огромна брзина додека полетувате и слетувате
- Нормално е крилјата да се движат
- За време на возењето ќе мислите дека авионот воопшто не се движи
4. Дознајте повеќе информации за аеродромот
Ќе бидете посмирени ако знаете колку луѓе ќе има на вашиот лет, кои се одредени регулативи на аеродромот и на авионската компанија...
- Пример, добро е да знаете дека на секои 5 години авионите комплетно се прегледуваат и поправаат
- Авионите мораат да поминат одреден сервис пред секое полетување
- Инспекција се прави и на секои 3 месеци
5. Летајте почесто, доколку можете
Луѓето велат дека работите се менуваат колку повеќе летаат. Првиот пат може да ви биде страшен, но не значи дека истото ќе се случи и после 10-иот лет.
6. Летајте виртуелно
Многу истражувања потврдиле дека виртуелното летање може да ви помогне да го наминете стравот.
7. Избегнувајте лоши вести
Пред полетување не е добро да читате за лоши вести и непријатни незгоди кои се случиле со авиони. Подобро е истите да ги избегнете.
8. Дишете правилно
Ако чувствувате дека за време на летањето стравот се враќа, концентрирајте се на вашето дишење:
- Вдишете 4 секунди
- Држете го воздухот 4 секунди
- Испуштете го воздухот 4 секунди
- Држете така без воздух 4 секунди
- Продолжете со вежбата додека стравот не исчезне
- За време на вежбата дишете од стомак, не од гради
9. Прифатете дека немате контрола над работите
Многу често за време на летањето стравот може да се појави затоа што чувствувате дека немате никаква контрола над ситуацијата, па добро е да имате на ум дека летот е раководен од професионалци кои добро си ја знаат и вршат работата и немате потреба за грижи.
10. Обидете се да си го пренасочите вниманието
Добро е да си го оттргнете вниманието, пример, можете да:
- Читате книга или списание
- Да комуницирате со сопатник
- Да јадете
- Да си играте на телефонот
- Да решавате загатки
11. Употребете ја вашата фантазија
Замислете си го градот каде треба да пристигнете, дестинацијата каде ќе уживате и сè ќе биде полесно.
12. Не дозволувајте стравот комплетно да ве обземе
Носете на рака пластично ластиче. Кога паниката ќе почне да ве обзема, потегнете го ластичето така што силно ќе ја затегнете раката до болка. Болката ќе ви го пренасочи вниманието и ќе ви помогне да се ослободите од паниката.
Н. Г. | Црнобело