Котор - мал рај на Балканот (фото)
Замислете планински карпи од една страна, солено море од другата и многу зеленило помеѓу двете. Замислете мало гратче со тесни калдрмисани улички, со автентична архитектура и неверојатен поглед.
Додадете кристално чиста вода, прекрасно јадење и кафе и мали заливски плажи. Температура која е значително пониска од генералните летни горештини, а морска вода која е малку потопла од онаа која е типична за Јадранот.
И го добивате Котор. Најубавиот град во Црна Гора. Мал бисер со неверојатна архитектура, мали плоштади и мини палати кои неодоливо потсетуваат на времето на Венецијанската Република.
Сите кои сакате мирен одмор за душа, место каде што ќе се опуштите и релаксирате, чист воздух и морска вода, многу зеленило и убави пејзажи, мора да го посетите Котор барем еднаш во животот. И да се насладувате на неговата неверојатна автентична убавина.
Погледнете како изгледа овој мал балкански рај:
(O)Милена | Црнобело