Тајни на хотелите кои вработените ги премолчуваат
Сместувањето е една од најважните работи за време на летниот одмор. На крајот од краиштата, никој не сака да си ги даде заработените пари на соба без поглед, со расклатен кревет и нечист базен.
Па, ако се подготвувате да букирате хотел за летово, еве што треба да знаете.
Тајни кои вработените во хотелите мораат да ги премолчат:
Резервирајте соба „во 5 до 12“
Односно, колку што е пократко времето од резервирањето до пристигнувањето, толку собите се поевтини. Сè што резервирате во последна минута прави да заштедите двојно повеќе.
Ако не ви се допаѓа собата, смее да побарате да ви ја заменат бесплатно
Ако не сте ја добиле собата која сте ја договориле, секако дека може, па речиси и мора да побарате замена. И хотелот за тоа не смее да ви побара да доплатите.
Реалната слика за хотелот ќе ја добиете од рејтингот на сајтовите за патување
Не по ѕвездичките кои официјално стојат до името на хотелот.
Нормално е фотките на страната на хотелот да се разликуваат од реалноста
Очекувате луксузна соба, а ве сместуваат во 15 квадрати во кои едвај има место да се разминете? Креветот делуваше толку голем, а реално е сосема обичен? Затоа секогаш проверувајте ги фотките од луѓето кои го посетиле хотелот претходно. Па, и вие си ги дотерувате сопствените фотки, зарем не?
Внимателно проверете го мини барот
Ако случајно решите да се напиете вода од фрижидерот и мини барот, задолжително проверете дали е претходно отворена. Никогаш не знаете дека гостите пред вас не ја испиле флашираната вода, па наполниле од чешма. Отворајте 4 очи, и онака работите во мини барот се дупло поскапи.
Пред да го оставите клучот од автомобилот, прочитајте го договорот
Обично во договорите на хотелите пишува дека не се одговорни доколку нешто му се случи на вашиот автомобил.
Како да ја откажете собата без да треба да платите пенали за тоа?
Наместо веднаш да ја откажете резервацијата, побарајте терминот да го преместите за недела-две подоцна. Утредента јавете се и откажете. Така нема да платите пенали што откажувате во последна минута пред пристигање.
М. Д. | Црнобело