Одмор во Порторико – што да посетите?
Кога ќе се спомнат Карибите, прво нешто што ни паѓа на ум на сите, се Бахамите и Јамајка. Од непознати причини, Порторико не се наоѓа на оваа листа, иако постојат многу причини зошто треба да се посети.
Ви претставуваме 5 места кои треба да ги земете предвид доколку патувате во Порторико:
Стариот Сан Хуан
Најголемиот број од сите летови во Порторико слетуваат во градот Сан Хуан, кој е многу блиску до историскиот дијамант на Порторико - Стариот Сан Хуан. Иако островот е познат по неговите плажи, стариот град со прекрасните бои, богатата архитекура и историските локалитети, едноставно не смее да се пропушти.
Островот Вјекес
Доколку патувате со ферибот од источниот брег можете да стигнете до малиот остров Вјекес. Посебно интересен е хотелот „W Retreat & Spa“, кој нуди апартмани со приватни базени, бесконечен базен и фантастичен модерен декор (дизајн). Ако сте љубител на нуркањето, ова е одлично место за да видите некои неворојатни нешта под вода.
El Yunque
Ако патувате во Порторико, мора да ја посетите дождовната шума наречена El Yunque. Се наоѓа на само 45-минутно возење од Сан Хуан. Тоа е дом на прекрасни водопади и егзотична флора и фауна, која се состои од монгуси, змии, порторикански папагал итн.
Cueva Ventana (Пештера Прозорец)
Cueva Ventana е пештера лоцирана на врвот од варовничка карпа која се наоѓа во Аресибо, на еден час возење од Сан Хуан. Треба да бидете храбри за да го совладате понекогаш лизгавиот терен на врвот за да влезете во неа.
Патеката ќе ве води низ тесни „ходници“ на планината, а немојте да се чудите ако здогледате и лилјаци. Но, и покрај опасното патување, вреди да се доживее прекрасниот поглед на долината на реката Рио Гранде де Аресибо, низ прозорецот на пештерата на врвот.
Ринкон
Ринкон се преведува како „агол“ од шпански и се смета за сурферско средиште. Солидно е оддалечен од останатата туристичка сцена. Ако сакате да уживате во порториканска плажа, тогаш посетете ја Песочна Плажа, каде што виреат палми и кокоси.
С. У. | Црнобело