Топ 20: Најевтините земји за патување во 2017
Од егзотични и мистични локации, до држави кои ги демне опасност од терористички напади, ова се најповолните дестинации според цената на билетите, сместувањето, храната и вредноста на доларот.
Сите би сакале да галат фламинга на плажа во Аруба, да пијат коктели на Менхетн или да ја дочекаат новата година со костим за капење во Австралија. Но, како што веќе знаат оние кои често патуваат – посетувањето на најпосакуваните туристички дестинации е навистина скапо хоби.
Сепак, недостатокот од пари на трансакциската сметка, не значи дека мора да се откажете од патувањата во целост, туку дека треба многу внимание да посветите на планирање, да направите големо истражување и пронајдете дестинациите во кои ќе уживате и со нешто помал буџет.
World Economic Forum го претстави списокот на топ 20 најевтини туристички дестинации за 2017 година, на глобално ниво. При подготовката на извештајот, како параметри биле опфатени цената на билетите, сместувањето, храната и вредноста на доларот во секоја земја, по што дошле до заклучокот дека ова се најповолните дестинации за светските патници.
Сепак, пред купувањето карти, важно е да се земе предвид и дека дел од земјите се толку евтини, поради опасноста од теростички напади, па на туристите не им се препорачува донесување на избрзани одлуки, туку ставање на личната безбедност на прво место.
Од последната до првата позиција, погледнете кои се 20-те најевтини земји за тековната година: