Какви тајни кријат најпознатите туристички атракции?

Добро познатите туристички атракции како Ајфеловата кула во Париз, метрото на Њујорк и Статуата на Слободата кријат свои помалку познати тајни.

kakvi-tajni-krijat-najpoznatite-turisticki-atrakcii-01.jpg

Да направиме мала тура низ скришните места на познатите туристички атракции:

Приватниот стан на Густав Ајфел, Париз, Франција

На третиот кат на Ајфеловата кула се крие приватниот апартман на господинот Густав Ајфел кој сега е отворен и за очите на јавноста.

kakvi-tajni-krijat-najpoznatite-turisticki-atrakcii-1.jpg

Празната зграда на Тајмс Сквер, Њујорк, САД

И покрај тоа што сопствениците на зградата годишно заработуваат по 23 милиони од неа, централната зграда на Тајмс Сквер е комплетно празна од 1992-та година.

kakvi-tajni-krijat-najpoznatite-turisticki-atrakcii-2.jpg

Напуштено метро во Њујорк, САД

Станицата „City Hall“ во Њујорк, функционирала од 1904-та до 1945-та година, а сега е затворена и комплетно празна.

kakvi-tajni-krijat-najpoznatite-turisticki-atrakcii-3.jpg

Маунт Рашмор и нејзината тајна одаја, САД

Маунт Рашмор има своја тајна соба каде се чуваат некои од најважните документи на САД, вклучувајќи ја и Декларацијата за Независност.

kakvi-tajni-krijat-najpoznatite-turisticki-atrakcii-4_copy.jpg

Затвор во Дуждовата палата, Венеција, Италија

Во Дуждовата палата се крие затвор каде некогаш се чувај озлогласениот Џакомо Казанова - единствената личност која успеала и да избега од истиот.

kakvi-tajni-krijat-najpoznatite-turisticki-atrakcii-5.jpg

Тунелите под Лас Вегас, САД

Под Лас Вегас се кријат многу тунели кои се дом на стотици бездомни лица.

kakvi-tajni-krijat-najpoznatite-turisticki-atrakcii-6.jpg

103-иот кат на Емпаер Стејт Билдинг, Њујорк, САД

103-иот кат на Емпаер Стејт Билдинг е отворен само за вработените и ВИП личности.

kakvi-tajni-krijat-najpoznatite-turisticki-atrakcii-7.jpg

Бањата на кардиналот Бибиена, Папските апартмани, Ватикан

Во 1516-та година била креирана приватна бања само за кардиналот Бибиена.

kakvi-tajni-krijat-najpoznatite-turisticki-atrakcii-8.jpg

Тајните соби во замокот на Пепелашка, Дизниленд, САД

Собите изгледаат како да сте во луксузен хотел, но не можете да престојувате за пари во нив, туку само да добиете билет на лотарија која се одржува само во јануари.

kakvi-tajni-krijat-najpoznatite-turisticki-atrakcii-9.jpg

Платформа за набљудување на Статуата на Слободата, Њујорк, САД

До 1916-та година постоеле скалила кои воделе до балкон на факелот на статуата, но после една експлозија, никој не може да се качи не платформата иако е обновена во 1986-та година.

kakvi-tajni-krijat-najpoznatite-turisticki-atrakcii-10.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Есенската идила на Маврово и Бистра, со овци и златести полјани (фото) Распослани златести полјани, спокој и стадо овци... Есенски сцени кои ќе ве инсп...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg