Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики
Плажите на Ситонија брзо ќе ви станат едни од омилените, бидејќи во главно имаат примамлив бел песок, кристално бистра и тиркизна вода, како и пријатна атмосфера за опуштање.
И додека поголемиот дел од плажите на првиот крак се слични, плажите на Ситонија раскажуваат различна приказна.
Не е лесно да се одберат најубавите, но ќе се обидеме.
Листата слободно може да ја дополните и проширите со ваши предлози во коментари.
Orange beach (Kavourotripes)
Најпознатата плажа на Ситонија, посебно помеѓу оние кои сакаат авантуристички и недопрени места. Само внимавајте, бидејќи во екот на сезоната секогаш е полна.
Kalamitsi
Плажа која има апсолутно сè – чисто море со прекрасна боја, ситен песок, простор колку што сакате, дел кој е одлично опремен со чадори и лежалки, како и таверни на сама плажа.
Karidi
Егзотиката на Ситонија се наоѓа токму тука. Многу лесно ќе се прелажете дека сте на некој остров на Кариби, што секако не е лошо.
Trani Ammouda
Скоро 2 километри долга плажа која ќе ве остави воодушевени заради погледот на Атос. За гужви не мора да се грижите, бидејќи има место да ја собере цела Ситонија. Супер е за целодневно излежување.
Lagomandra
Супер чиста и уредна плажа, за оние кои не сакаат многу да истражуваат, туку играат на сигурно. Одлична е за со дечиња, за заљубени парови и за млади.
Agios Ioannis
Плажа на западното крајбрежје, исклучиво долга и со прекрасна боја на водата. На плажата има сосема доволно место, па гужвата нема да ја почувствувате ниту во јули и август.
Kalogria
Песочна плажа со природна ладовина. Оваа плажа во сезоната е многу посетена, заради што е пожелно да одите порано. Најубавиот дел е оној близу Mango хотелот.
Lagonisi
Организирана е одлично и најголемиот дел од неа му припаѓа на кафулето, па треба да имате на ум дека простор за лична опрема нема многу. Плажата е позната по тиркизната вода и ситниот песок.
Klimataria
Се наоѓа на југот на Ситонија. Водата е плитка на подолга далечина, има ситен песок и чиста вода. Совршена е за семејства со мали дечиња, иако во последно време почнува да се полни со гужва.
Koviou
На 6 километри од Никити, оваа малечка плажа е со прекрасна боја на морето и со малку природна сенка. Одлична е за нуркање и авантури под вода.
М. Д. | Црнобело