Кои се 10-те најпопуларни туристички атракции на Инстаграм?
Лондон, Париз или можеби Њујорк? Што мислите, кое е најпопуларното место во светот, кое корисниците на омилената визуелна социјална мрежа, од ден во ден го фотографираат, објавуваат и означуваат на своите профили?
Истото прашање го интересирало и тимот што стои зад порталот Travel Bird, посветен на патувањата, па се фрлиле на работа и истражиле патоказите на Инстаграм.
Целта им била да откријат кои се светските дестинации, споменици и атракции што корисниците на Инстаграм најчесто ги посетуваат, објавуваат и притоа означуваат, користејќи ги популарните хаштаг ознаки, како што е #wanderlust.
Издвоиле десет локации кои се појавуваат на повеќе милиони фотографии, како и кај корисници од различни делови на светот, а победата ја однесе едно сосема изненадувачко место, со повеќе од дури 14 милиони поединeчни објави.
Но, доколку се земе предвид дека според нивните истражувања дури 55% од корисниците на Инстаграм се на возраст помеѓу 18 и 29 години, додека само 4% од корисниците се постари од 65 години, можеби и не е сосема необично што ова место заврши на врвот на листата.
Во продолжение, погледнете кои се топ десетте најозначувани атракции на Инстаграм:
10. Октоберфест, Минхен, Германија
Број на ознаки: 2,262,885
9. Нотр Дам, Париз, Франција
Број на ознаки: 2,517,129
8. Тајмс сквер, Њујорк, САД
Број на ознаки: 2,560,272
7. Биг Бен, Лондон, Велика Британија
Број на ознаки: 2,561,617
6. Стрип, Лас Вегас, САД
Број на ознаки: 3,653,548
5. Берлински ѕид, Берлин, Германија
Број на ознаки: 4,595,501
4. Саут Бич, Мајами, САД
Број на ознаки: 4,689,396
3. Волт Дизни Ворлд, Флорида, САД
Број на ознаки: 5,465,098
2. Ајфелова кула, Париз, Франција
Број на ознаки: 7,253,011
1. Дизниленд, Калифорнија, САД
Број на ознаки: 14,615,952
М. А. | Црнобело