10 специјалитети кои мора да ги пробате во Италија, а не се пица и џелато

Италија и храна. Совршена симфонија. Земјата на пицата, пастата, маслиновото масло. Италија е синоним и за добро вино, џелато, тирамису, кафе.

10-specijaliteti-koi-mora-da-gi-probate-vo-italija-01.jpg

Секоја посета во Италија подразбира добро парче пица, заокружено со вкусен џелато сладолед и силно еспресо испиено „од нога“.

Но, Италија нуди и многу повеќе на менито од ова. Ова се 10 помалку познати, но вкусни специјалитети кои вреди да ги пробате кога ќе се најдете на „полуостровот чизмичка“:

Bigoli

Мислите дека шпагетите се врвно паста уживање? Ќе се премислите откако ќе пробате биџоли, јадење автентично за Венето регионот, што ги опфаќа Венеција, Верона и езерото Гарда. За разлика од тенките мазни шпагети, биџолите се подебели, груби и цевчести.

Традиционално направени од хељдино брашно и јајца од патка, се служат со едноставен сос од црвено вино, зеленчук и печена дива патка, гарнирани со магдонос и рендан пармезан.

10-specijaliteti-koi-mora-da-gi-probate-vo-italija-02.jpg

Ribollita

Ова јадење е означено како „јадење за сиромашни“, иновација на слугите кои ги собирале остатоците од јадењето на нивните господари како леб и зеленчук, и повторно ги вареле. Всушност, Ribollita во превод значи токму тоа – повторно сварено.

Лебот кој ја згуснува супата му дава на јадењето богат и мек вкус. И покрај неговите скромни зачетоци, Риболита се смета за едно од најважните и највкусните јадења во Тоскана.

 10-specijaliteti-koi-mora-da-gi-probate-vo-italija-03.jpg

Risi e bisi

Ориз и грашок не звучи баш како најсофистицираното италијанско јадење, но изненадувачки е превкусно. Како што укажува името јадењето содржи само грашок и ориз, зготвени со пилешки бујон и зачини кои се употребуваат за традиционално рижото.

Мешањето е сведено на минимум, за да текстурата на јадењето повеќе наликува на супа.

 10-specijaliteti-koi-mora-da-gi-probate-vo-italija-04.jpg

Tortellini en Brodo

Ова е типично омилено јадење за време на празниците во северна Италија. За разлика од регуларните тортелини кои се служат со богат крем сос, овие се варат во пилешки бујон. Наполнети со телешко месо и Parmigiano Reggiano сирење, се служат само со малку наросен рендан пармезан и тоа е тоа.

10-specijaliteti-koi-mora-da-gi-probate-vo-italija-05.jpg

Canederli

Како и Риболитата и ова јадење е направено од остатоци од леб помешан со јајца и млеко. Се обликуваат топчиња, а често пати се додава пушена сирова шунка како додаток, кашкавал и зачини. Потоа се варат во говедски или пилешки бујон.

Може да се послужат „суви“ со малку стопен путер или заедно со бујонот. Ова е совршено јадење за зимскиот период.

10-specijaliteti-koi-mora-da-gi-probate-vo-italija-06.jpg

Osso buco alla Milanese

Доколку сте љубител на месо, нека „Осо буко“ биде првиот избор кој ќе го вкусите, наместо пилешкото со пармезан што всушност не е ниту италијанска храна.

Парчиња телешко месо со коска (потколеница) готвени бавно со бело вино и зеленчук, послужени со остар прелив од магдонос, лук и рендана кора од лимон или позната уште како гремолата. Модерните верзии на ова јадење вклучуваат домати, но автентичното Осо Буко типично за Милано се готви без нив.

10-specijaliteti-koi-mora-da-gi-probate-vo-italija-07.jpg

Cacciucco

Не сте љубител на риба и морска храна? Ова јадење ќе го промени тоа. Зачинетата морска „манџа“ е типична за Ливорно, а се прави од свежиот улов – школки, риби, лигњи и октопод.

Рибата се готви во богат доматен сос и бујон зачинет со лук и жалфија, а се служи со добро потпечено лепче со кое ќе си макнете од сосот.

10-specijaliteti-koi-mora-da-gi-probate-vo-italija-08.jpg

Focaccia di recco

Ова е причината поради која толку многу луѓе го сакаат регионот Лигурија со главниот град Џенова. Тенок слој на печена фокача исполнето со кремаст слој од crescenza сирење. Изгледа слично на нашиот бурек, нели?

10-specijaliteti-koi-mora-da-gi-probate-vo-italija-09.jpg

Bottarga

Ботарга не се класифицира толку многу како јадење, туку повеќе како состојка: маринирана и созреана, односно пушена икра од морска риба, карактеристичен деликатес за Сардинија и Сицилија.

Богатиот соленкаст вкус дозволува да се комбинира со лингвини паста, зелен зеленчук или врз потпечен леб со путер.

10-specijaliteti-koi-mora-da-gi-probate-vo-italija-10.jpg

Torrone

Потеклото на Тороне десертот е под знак прашалник, некои велат дека потекнува од Ломбардија, а други инсистираат дека е креирано во Сицилија. Како и да е, важен е вкусот. А вкусот е сладок и божествен – кремав, леплив десерт направен од мед, белки од јајца, тостирани јаткасти плодови и кора од цитрус.

Модерната варијанта на Тороне е потопена во чоколада. Мјам!

10-specijaliteti-koi-mora-da-gi-probate-vo-italija-11.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg