Боемски пар: Патуваат низ светот со двете кучиња (фото)
Портокаловото комбе им е дом, а секој изминат ден – нова и возбудлива авантура, далеку од рамките на општеството.
Сигурно барем еднаш сте се запрашале како би било да седнете во автомобилот, па да се упатите во правец на непознатото – без грижи и без ум – следејќи го повикот на срцето и возејќи се сè до првото место кое би ви изгледало доволно занимливо.
Можеби би пошле до море, можеби до планина, а можеби и до сосема друг континент.
Смело и непоколебливо, некои поединци го одбираат номадството како својa животна судбина. Се откажуваат од материјалните добра, а претвораат сопствениот живот во постојано движење и патување. Благодарение на социјалните мрежи, некои од нив и добро заработуваат од своите патешествија.
Еден ден, Бриана и Kит одлучиле дека стационираниот начин на живот не им одговара, па сите нешта кои ги поседувале, вклучувајќи ги и двете кучиња, ги сместиле во портокаловото комбе и тргнале на пат. Комбето го нарекле „Sunshine Van“ („Сончево комбе“), а следењето на сончевите зраци им открило многубројни задоволства.
За разлика од мнозинството модерни номади, тие не посетуваат туристички или урбанизирани дестинации, туку диви локации – пустини, плажи и карпести предели, а сите ги преточуваат во адреналинска авантура. Фотографиите од искачувањето, планинарењето, кајакарењето и спиењето под ѕвездите, во секакви временски услови, овој боемски пар ги споделува со корисниците на Инстаграм.
Понекогаш, на патувањето им се придружуваат и пријателите, а некогаш се сосема сами, но ваквата слобода не сакаат да ја менуваат за ништо на светот.
Следејќи го профилот @briannamadia, ќе дознаете многу повеќе за ваквиот начин на живот, мноштво интересни факти кои никогаш не би ви паднале на памет, а ќе откриете и изобилство од прекрасни пејзажи.
Од галеријата во продолжение, погледнете само дел од нивното секојдневие:
М. А. | Црнобело