Airbnb + Pinterest: Кои се 10-те најпопуларни дестинации во моментот?
Airbnb и Pinterest ја објавија заедничката топ листа на места што кај интернет корисниците будат најголем интерес тековниот период. Дел од нив се очекувани, но има и такви кои можеби ќе ве изненадат.
Сакате да ги спакувате куферите и заминете надвор од земјата? Тогаш време е да ја изберете својата следна дестинација и испланирате патувањето. Доколку немате идеја каде да појдете, можеби токму некоја од овие десет географски точки ќе се најде на вашата туристичка мапа. И нема да бидете единствени, со сигурност.
Airbnb и Pinterest ги здружија силите и создадоа заедничка топ листа за светските патници. Бидејќи сè повеќе луѓе го планираат својот нареден одмор преку Pinterest (+37% од декември минатата година), од социјалната мрежа се поврзаа со Airbnb, а со цел да им понудат на сите патници внимателно направена селекција на места за престој.
Со заедничката листа се опфатени десетте дестинации кои бележат најголем тренд на Pinterest во моментот, како и колекција на убави сместувања што може да се изнајмат на Airbnb, за совршено патување во некоја од нив.
Според статистиката на Pinterest, луѓето најмногу бараат патувања кои нема да ги остават без денар во џебот. Пребарувањата за патувања со скромен буџет бележат раст од +500%. Понатаму, сè поатрактивни се студените, но зелени земји, како Исланд и Шкотска (+60%). Изненадувачки голем е интересот и за Кјото, градот на десет илјади светилишта, за кого пребарувањата се зголемиле за +55%.
Од Исланд до Грција, проверете кои сè локации, односно какви сместувања се најдоа на заедничката листа на Airbnb + Pinterest:
1. Шарм ел Шеик, Египет
2. Тенерифе, Канарски острови
3. Куршевел, Франција
4. Шкотски Гори, Шкотска
5. Рејкјавик, Исланд
6. Кјото, Јапонија
7. Бора Бора, Француска Полинезија
8. Њујорк, САД
9. Санторини, Грција
10. Барселона, Шпанија
М. А. | Црнобело