Како и каде патува најмладата милијардерка во светот?
20-годишната Александра Андересен, или најмладата милијардерка, како што светот ја знае, има импресивен Инстаграм профил - дневник за сите нејзини патувања.
И додека очекувате луксузирање и покажување на парите, може малку да се зачудите.
Нејзиното семејство е познато по бизнисот со тутун, како и по компанијата Ferd, инвестициска компанија на која сега Александра е сопственик со 42%.
Инаку, сè на сè тежи 1,17 милијарди долари, па нејзиното богатство ѝ дозволува да патува во првокласни авиони, да јава коњи како спорт и да прави егзотични екскурзии низ целиот свет.
Едно можеме да заклучиме – патувањата со неограничен буџет дефинитивно се забавни:
М. Д. | Црнобело