Најубавото селце во Италија за кое никогаш претходно не сте слушнале
Италија е полна со прекрасни места, но едно мало селце е посебно прекрасно. Станува збор за Венцоне.
Ова прекрасно место на почетокот на 2017-та година беше изгласано за најубавото селце во Италија на натпреварот „Il Borgo dei Borghi“.
Венцонце се најде на првото место пред 19 други мали села кои претходно биле одбрани од онлајн гласачи и панел на судии.
После земјотресите од минатата година, не е чудно што судиите ова место го сметаат за пример за средено село после земјотрес.
Во 1965-та година ова место било прогласено за национален монумент, но во 1976-та година речиси целото било срушено од силен земјотрес.
Во 1990-та година, градбите биле целосно обновени со користење на оригиналните материјали.
Малото шармантно селце, Венцоне:
Н. Г. | Црнобело