5 уникатни патувања кои треба да ги направите во 20-тите
Под вообичаен одмор сигурно подразбирате песочна плажа, море и сонце. Иако е многу убав начин да се одморите од секојдневието, со ваквиот одмор, ретко можете да доживеете некоја авантура или да имате незаборавно искуство.
Ова лето испланирајте поинакво патување, на кое сигурно ќе се сеќавате цел живот:
1. Патувајте сами
Одберете некоја сигурна локација, но сепак излезете од вашата комфор-зона. Запознајте нови луѓе и научете да уживате сами во сопствено друштво. Уживајте во напливот на самодоверба, која ќе ја стекнете во оваа патување.
2. Фатете авион во последен момент
Потрудете се барем еднаш во животот да бидете спонтани. Побарајте некој евтин лет кој тргнува за 1 или 2 дена, на некоја интересна локација која досега не сте ја посетиле, оставете сè овде и тргнете во авантура.
3. Детокс од технологија
Одете на место каде што ќе се оддалечите од секаков вид на технологија - без вести, без телевизија, без телефон и социјални мрежи. Пуштете го вашиот ум одново да се пронајде. Може да биде егзотичен остров или обично гратче кое досега не сте го посетиле.
4. Почувствувајте го животот со локалците во нова земја
Испробајте апликации како „Couch Surf“ и пронајдете нови пријатели во нова земја, со кои ќе ги доживеете новите места на ист начин како локалните жители. На овој начин вистински ќе ја почувствувате атмосферата на местото и ќе научите повеќе за нивната култура.
5. Крстарење со брод
Ако немате морска болест, ова патување дефинитивно никогаш нема да го заборавите. Има навистина добри понуди за крстарење, со кои ќе посетите многу места за прифатлива цена и воедно добра забава.
А. В. | Црнобело