7 места на кои луѓето си го ризикуваат животот за да ги посетат
Некои луѓе одат во Париз во потрага по љубов и романтика, а други пак, решаваат да се најдат лице во лице со смртта и постојано се во потрага по нови авантури.
Ова се 7-те најопасни места за кои луѓето си го ризикуваат животот за да ги посетат:
1. „Kjeragbolten“, Норвешка
Каменот е заглавен меѓу две карпи на височина од 989 метри и дефинитивно не сакате да се најдете на него кога гравитацијата ќе реши да го повлече надолу.
2. Висечки мост, Швајцарија
Мостот се наоѓа на швајцарските Алпи на висина од 100 метри, а за да го поминете, морате да бидете сигурни дека не се плашите од височина.
3. „El Caminito Del Rey“, Шпанија
Ако се преведе, добивате „Малата патека на кралот“. Оваа патека е изградена во 1905-та година, но сега веќе се распаѓа и е забранета за движење, но некои храбри авантуристи ја прескокнуваат оградата за да се движат на оваа патека.
4. Ѓаволовиот базен, Замбија
Поглед кој вреди да се искуси, но може да заврши фатално.
5. Карпите на Мохер, Ирска
Ако сте го гледале филмот „Princess Bride“, тогаш дефинитивно ви е позната оваа велосипедска патека на која дефинитивно морате да внимавате како возите.
6. Планината Хуашан, Кина
Ова е една од најопасните и застрашувачки патеки за качување.
7. Хуајна Пикчу, Перу
Погледот од врвот на Мачу Пикчу е уникатен, ама за да дојдете до таму морате да поминете низ многу тежок пат.
Н. Г. | Црнобело