Шарената велигденска традиција низ улиците на Антигва ќе ве остави без зборови

Антигва, остров во јужна Гватемала е под заштита на УНЕСКО уште од 1979 година, поради културолошкото, политичкото и архитектонското значење. Зградите во барокен колонијален стил се главното обележје на овој поранешен главен град, но она што вистински го прави прекрасен е несекојдневната шарена велигденска традиција.

Sharenata-veligdenska-tradicija-niz-ulicite-na-Antigva-ke-ve-ostavi-bez-zborovi-01.jpg

Секоја година улиците во Антигва се покриваат со цвеќиња во вид на шарени теписони како дел од подготовките за големиот празник Велики петок, односно во текот на т.н. Света недела.

Овој процес е проткаен со макотрпна работа. Цвеќиња, прав во најразлични бои, овошја и зеленчуци како и песок се составен дел од долгите шарени теписи кои ги покриваат централните градски улици.

Ангажирани се многу локални уметници кои со помош на шаблони ги прават најубавите празнични шари. Должината на овие шарени цветни теписи достигнува и до 1 km.

Обоени со најразлични мотиви на флора и фауна, како и делови од гватемалската историја, овие улични декорации се неверојатни за око и останува само да воздивнеме и да посакаме нешто слично и на нашите улици, нели?

Погледнете ја цветната велигденска бајка во Антигва:

Sharenata-veligdenska-tradicija-niz-ulicite-na-Antigva-ke-ve-ostavi-bez-zborovi-02.jpg

Sharenata-veligdenska-tradicija-niz-ulicite-na-Antigva-ke-ve-ostavi-bez-zborovi-03.jpg

Sharenata-veligdenska-tradicija-niz-ulicite-na-Antigva-ke-ve-ostavi-bez-zborovi-04.jpg

Sharenata-veligdenska-tradicija-niz-ulicite-na-Antigva-ke-ve-ostavi-bez-zborovi-05.jpg

Sharenata-veligdenska-tradicija-niz-ulicite-na-Antigva-ke-ve-ostavi-bez-zborovi-06.jpg

Sharenata-veligdenska-tradicija-niz-ulicite-na-Antigva-ke-ve-ostavi-bez-zborovi-07.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
Скриено парче рај во Хрватска – остров без автомобили, со бујна природа (фото) Автомобилите се забранети, а природата е недопрена - како изгледа ова мало парче...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Ресорт направен како реплика на Санторини е хит во Кина (фото+видео) Во кинеската провинција Јунан, има ресорт кој е како реплика на Санторини, а бид...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg