Хрватски остров кој изгледа како џиновски отпечаток од палец
Малиот остров Балјенац во Хрватска, е под огромно внимание во последно време. Лоциран е во Шибеник, со квадратура од 1,4 километри квадратни и е целосно покриен со ѕидови направени од камења. Кога го гледаме од птичја перспектива целиот остров изгледа како џиновски отпечаток од палец.
Овие ѕидини се историски и датираат од многу одамна кога луѓето ги граделе за да постават граници помеѓу нивните агрикултурни земјишта.
Градителите внимателно ги избирале камењата со кои се изградени и ги ределе како еден вид сложувалка.
Голем дел од крајбрежјето на Хрватска е карактеризирано со карстна топографија или со други зборови е полно со камења.
Земјоделците дигале тешки камења од земјата и ги ределе во редици за да ја заштитат и обележат својата земја.
Овие редици понекогаш биле долги и по неколку километри. Ѕидините исто така, служеле и да ги заштитат насадите од бури и силни ветрови.
А. В. | Црнобело