Прага во пролет е вистински град од бајките

Пред 30 години Прага била голема мистерија за светските патници, но денес е една од најатрактивните туристички дестинации. Околу 4 милиони луѓе го посетуваат градот секоја година и тоа со причина.

praga-vo-prolet-e-vistinski-grad-od-bajkite-001.jpg

Прага е еден од најмагичните градови со својата величествена архитектура. Плоштадот во стариот град е место преполно со магија, место кое никогаш нема да ви здосади, затоа што има една прекрасна енергија.

Настани за сечиј вкус ќе најдете во било кој период од годината, но Прага е посебно убав град кога сонцето ќе огрее и градот блеснува во пролет. Кога се движите по историските улици, каде и да се свртите сè изгледа како бајка.

Речиси од секој дел на Прага, можете да го видите замокот кој уште повеќе ја надополнува таа бајковите слика.

Колоритни градби, готски цркви, астрономскиот часовник и популарни барови, каде многу познати историски личности црпеле инспирација за своите дела, антички продавници и улици резервирани специјално за најлуксузните светски брендови. Сè ова можете да го најдете во Прага.

Огромен број на прекрасни градини и паркови, колку што не можат да се избројат, а нивната убавина најдобро ќе ја искусите во пролет.

Превкусна традиционална чешка храна, која ја има на секој чекор, каде и да погледнете.

Ако овие работи не ве убедуваат да го посетите градот, еве уште еден факт: пивото никаде на друго место не е послатко и е поевтино дури и од водата.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg