Рај за планинарите: 15 највисоки земји во светот
Доколку сте љубители на свежиот планински воздух, во добра форма сте и сакате да пешачите или искачувате врвови, веројатно порано или подоцна ќе посетите една од овие дестинации.
Поголемиот дел од земјите со најголема просечна висина се извишени на азискиот континент, а меѓу нив се наоѓа и само една, сосема мала држава во западна Европа.
Пред да ви откриеме кои се тие, вреди да се спомене и која е најниската во светот. Станува збор за Малдивите, чија просечна висина изнесува само 1,8 метри, а која и натаму се намалува како резултат на климатските промени и зголемување на нивото на водата.
Списокот на 15-те „највисоки“ држави изгледа вака:
1. Бутан (3.280 метри)
2. Непал (3.265 метри)
3. Таџикистан (3.186 метри)
4. Киргистан (2.988 метри)
5. Лесото (2.161 метри)
6. Андора (1.996 метри)
7. Чиле (1.871 метри)
8. Кина (1.840 метри)
9. Ерменија (1.792 метри)
10. Гренланд (1.792 метри)
11. Руанда (1.598 метри)
12. Перу (1.555 метри)
13. Монголија (1.528 метри)
14. Бурунди (1.504 метри)
15. Грузија (1.432 метри)
М. А. | Црнобело