35 патувања кои треба да ги остварите со својот партнер во текот на животот
19. Крос-кантри воз низ САД
Понекогаш е добро да поминете низ секакви предели од едниот до другиот крај на америчкиот континент. Со добра организација и секако, пари - добивате патување од Сан Франциско до Њујорк, поминувајќи низ Карпестите планини, текот на реката Мисисипи и низ Сиера Невада.
20. Езерото Мекензи, Австралија
Цапкајте безгрижно во водите на ова минерално езеро на островот Фрејзер. Водата е толку чиста, што многу видови не преживуваат во неа, поради недостаток на други материи.
21. Венеција, Италија
Можеби е клише, но сепак, нема ништо друго како пловење со гондола низ Венеција или шетање по тесните италијански улички. Градот е исполнет со тајни премини кои се достапни и со една силна мистериозна аура, која е идеална за парови.
22. Табакон Ресорт, Аренал, Костарика
Буквално изгубете се во природата на Табакон и ресортот изграден во шума, во подножјето на вулканот Аренал. Изладената вулканска магма е таа што го создава течението на водите. Бунгаловите по течението на водите се создадени за парови и нудат интимна атмосфера.
23. Истанбул, Турција
Иако последните случувања ја променија енергијата на градот, сепак не може ништо да му ја одземе душата. Истанбул е дефиниција за ориентот и микс на вкусови, бои и доживувања. Посебно ако го гледате од вода, односно од романтично крстарење по Босфорот.
24. Зермат, Швајцарија
Уживајте во топлите вили на швајцарските снегови и во погледот кон планинските врвови. Малите, но удобни колиби се релаксацијата која ја посакувате.
25. Сината Лагуна, Исланд
Патувањето кон Исланд е некомплетно ако не ја посетите Сината Лагуна. Геотермалните води на оваа лагуна даваат посебно искуство, но се и уникатно доживување.
26. Хавана, Куба
Не треба посебна најава. Возете стара кола, слушајте салса и пијте коктели како мохито и Куба Либре.
27. Јадрански брег, Хрватска
Целото крајбрежје на Хрватска е неодоливо. Дубровник стана лидер, откако се снимија познати серии и допатуваа познати парови. Скапоцентоста на Јадранот е собрана во секое селце и гратче на брегот. Road trip, вие со вашиот партнер, локална музика и патувајте од најгорната до најдолната точка на брегот.
28. Рио де Жанеиро, Бразил
Вие и партнерот ќе се забавувате со денови, подготвувајќи ги своите костуми за карневалот и учествувајќи во километарски долгата поворка. Предлог за различен одмор и поуникатен меден месец.
29. Сејшелите
Архипелагот на Сејшелите се состои од 115 острови. Можете да имате еден само за себе. Убавината на ова место се доживува, па затоа нема потреба од дополнителни зборови.
30. Резерватот Саби, Јужна Африка
На среде африканските зеленила, има бунгалови кои пленат со малку страв и адреналин од погледот околу себе и изолирана романтика. Низ прозорите на овој ресорт можно е да видите голем дел од животинскиот свет на Јужна Африка како слободно шета околу вашето сместување. Тоа би било едно уникатно заедничко искуство.
31. Амазонската прашума, Јужна Америка
Пловете по реката Амазон до езерото Сандовал во Перу, во џунгла која како да е вгнездена во езерото. Дружењето со жителите - мајмуни, егзотични птици, желки, ќе ви биде спуер искуство, но и единствено друштво таму.
32. Алберта, Канада
Планинарете низ националните паркови на Канада, кои се уникатни. Зимзелени шуми, скриени езера и снежни врвови, кои ќе ве воодушеват.
33. Дарби, Монтана
Оваа област е полна со ранчови. Некои од нив се автентични, некои побогати. Сите имаат коњи, кои се во служба на туристите. Пределите низ кои ќе поминете јавајќи, нема да ве остават рамнодушни.
34. Гранада, Шпанија
Дозволете си враќање во времето назад и посетете го градот Гранада во областа Андалузија, Шпанија, сместено во подножјето на планината Сиера Невада. Тоа е домот на тврдината Алхамбра, масивна тврдина која датира од 13-ти век.
35. Национален парк Буинди, Уганда
Африка е убедливо на врвот со предизвиците за парови. Џунглата во Уганда ќе ви донесе дружење со мајмуни и останати нејзини жители, од кои ќе имате приказни за раскажување за цел живот.
Л. Т. | Црнобело