35 патувања кои треба да ги остварите со својот партнер во текот на животот
Нема појасен индикатор за квалитетот на врската од заедничко патување со партнерот. Патувањата ја ставаат врската на тест и ги покажуваат најдобро нејзините квалитети и недостадоци, но и ја зацврстуваат до еден нов степен.
Ако размислувате за патување со партнерот, тогаш сте на добар пат.
А, ние ќе ви понудиме 35 дестинации, според светските лидерски патувачки сајтови кои се наменети за парови. Јасно е дека е тешко да се посетат сите, но ништо не е невозможно.
1. Кападокија, Турција
Подигнете се во облаци со балон на топол воздух, кој ќе ви даде поглед на еден нереален релјеф кој го има во низината на Кападокија.
2. Какслаутанен Арктички Ресорт, Финска
Можете ли да замислите поромантична атмосфера од тоа да сте прегрнати во стаклена полукружна соба, на топло, во дивината на Финска, која е покриена со снег? Над вас има чисто стакло низ кое се гледа ѕвездено небо и северните светла на Аурора Бореалис? Не? Ни ние.
3. Кјото, Јапонија
Кјото, кој беше изгласан двапати за најдобро место за патување и уживање, нуди прекрасна храна, но најслатко од сѐ е дружењето под расцветаните црешови дрва.
4. Пустината Атакама, Чиле
Оваа дестинација е идеална за вљубениците во ѕвездите. И за оние на кои разговорите најдлабко им одат во ваква атмосфера. Оваа пустина е второто најсуво место во светот.
5. Тоскана, Италија
Централна Италија, односно областа Тоскана, мириса на љубов. Мали селца подигнати на ритчиња, огромна низина со вински полиња, Фиренца - ако ви треба град... Овде ќе заборавите на времето.
6. Бангкок, Тајланд
Бангкок е една од најатрактивните дестинации во последно време. Има и зошто. А сега веќе има и како. Патувањето овде ќе ве однесе од пазар на вода преку ден, до заеднички курсеви за готвење навечер, а за целото останато време имате егзотични плажи кои ви се на располагање.
7. Париз, Франција
Париз е секогаш добра идеја. Не џабе го викаат „Градот на љубовта“. Земете шише вино и некое добро сирење и сите полиња и тревници во градот се ваши.
8. Занзибар, Танзанија
Оваа афричка земја зема голем замав во светскиот туризам. Освен плажите кои се неодоливи со својата убавина, имате опција за сафари и оброк на островче сред океан.
9. Удајпур, Индија
Целата Индија е посебен свет, сам за себе. Ги има буквално сите нивоа на задоволства, но Удајпур е прогласен за најромантично место на Индија. Таџ Палас, замокот на фотографијата, бил изграден во 18-ти век, на едно од многуте вештачки езера до градот и се чини дека плови над него. Сега е луксузен хотел со 5 ѕвезди.
10. Клеван, Украина
Се чини дека е бесконечен природниот тунел од зеленило на индустриската пруга во Клеван, Украина. Паровите прават долги, романтични прошетки низ „Тунелот на Љубовта“, како што е наречен.
11. Нихивати, Сумба, Индонезија
Овој предлог е за авантуристички расположени парови. Малку познатото оствовче, кое нуди фантастични сурферски искуства и е сместено во недопрена природа, опколено со празни, егзотични плажи. Само замислете. Вие, ретко кој друг, вашиот омилен спорт и најголемите убавини од копно и вода околку вас.
12. Островот Кефалонија, Грција
Ова е најголемиот остров од грчките острови во Јонско море. Има прекрасни рибарски места, вински полиња и езерцето Мелисани скриено во карпи, кое е единсвено од овој вид во нашата околина.
13. Островот Ваихеке, Нов Зеланд
Винските тури на овој остров се прекрасни. На 35 минути патување со брод од градот Окленд, ова искуство ќе ве понесе на сосема различни доживувања.
14. Керала, Индија
Тестирајте ја вашата врска во субнормални услови. Изнајмете „колиба“ која полека плови по реки, канали и неоткриени предели. Подгответе си ја својата вечера со школки кои ќе ги уловите сами.
15. Шефшауен, Мароко
Средновековното мало гратче во северниот дел на Мароко е како ниту едно друго на светот. Цело е сино, нуди неверојатна смиреност и ќе ви се чини дека сте дел од бајка.
16. Брегот Амалфи, Италија
Со извајаната крајбрежна линија на брегот и шарени рибарски села втиснати директно во карпите над медитеранските води, овој брег со неколку селца е вистински скапоцен камен. Мали улички, неверојатна храна и бои кои само окото може да ги доживее.
17. Малдиви
Очекувано беше и ова место да дојде на ред. Никогаш не излегува од мода - дестинација идеална за меден месец или некој побогат одмор, во приватна колиба над вода. Нема потреба од повеќе описи.
18. Савана, Џорџија
Ориенталниот допир на Блискиот Исток, но во една друга, позелена верзија. Посебно искуство се прошетките низ природа или како што го нарекуваат „Градот Шума“.