8 места во светот со кристално чисти, тиркизни води
Бел, ситен песок - глетка која секој сака да ја види. Но, што ќе ви е бел песок без кристално чиста вода од која сè се гледа?
Нашите очи сакаат да уживаат во прекрасни тиркизни води од кои под површината се гледаат прекрасни карпи, корали, шарени риби...
Ова се некои од најубавите и најсини води кои ќе ве инспирираат да пропатувате:
1. Бонито, Бразил
Благодарение на варовникот кој делува како природен филтер, водите околу Бонито се неверојатно чисти и јасно сини. Токму заради тоа, ова место често се нарекува и Карибите на Бразил.
2. Лампедуза, Сицилија, Италија
Лампедуза е најголемиот и најубавиот меѓу Пелагијските острови на Медитеранското Море, а она што го прави најубав е кристално чистата електрично сина вода.
3. Езерото Пукаки, Нов Зеланд
Со причина ова езеро се најде во сцените на познатата трилогија „Господарот на прстените“ - изгледа како да е од некоја друга планета.
4. Малдиви
Можеби и нема да најдете поубави светло сини води како оние кои можат да се најдат на Малдивите кои изгледаат живописно и надреално.
5. Плажата Навагио, Закинтос, Грција
Од сите други острови во Грција, Закинтос е посебно убав заради тиркизните води, а оваа плажа може да се каже дека е на прво место.
6. Ексума, Бахами
Водите кои ги обиколуваат 365-те острови се неприродно сини и чисти, а заради тоа изгледаат како базен на кој му нема крај.
7. Езерото Морејн, Канада
Ви изгледа познато? Не е чудно, бидејќи ова езеро е толку совршено за фотографирање, што можете да го најдете на позадините на софтверите на Windows, Blackberry и Palm.
8. Островот Боракај, Филипини
Овој остров неодамна беше прогласен за најубавиот остров на светот, а досега и како бисер на Филипините и со добра причина, кристално чистите води околу овој остров се неверојатна глетка.
Н. Г. | Црнобело