Како да се спакувате практично како пилот?
Сте забележале ли некогаш колку е мала торбата со која патуваат пилотите?
И покрај нејзината големина тие успеваат да ги сместат сите работи кои им се неопходни и секогаш да бидат подготвени за патување од едно место до друго.
Ова се тајните кои ги открива Силви Бенџамин, пилот на „Hawaiian Airlines“, и благодарение на кои ќе научите да се пакувате како професионалец.
1. Диплете не ролајте
Здиплените алишта секогаш зафаќаат помалку простор а тука се и празнините кои може да ги пополните со средствата за козметика или други помали предмети.
2. Ставајте ги работите една во друга
Чорапите секогаш одат во чевлите, ремените во јаките на кошулите... додека поголемите парчиња како палто и чизми носете ги на вас.
3. Спакувајте 3 пара обувки
Секогаш имајте со себе еден пар удобни обувки како патики, чевли за деловен изглед и домашни влечки како не би газеле боси. Секој пар чувајте го во посебна кеса, што ќе спречи валкање на останатата облека.
4. Почитувајте ги тркалцата на куферот
Тркала на куферот се нешто кое може да ви зададе многу грижи. Ако се случи нешто макар и со едно тркало на куферот цело патување ќе ви биде исполнето со проблеми.
5. Инвестирајте во квалитетен куфер
Квалитетниот куфер е нешто за кое никогаш не треба да штедите пари. Секогаш избирајте цврсти куфери кои имаат доволно прегради и странични џебови за сè да ви биде на дофат.
6. Потпрете се на мултифункционални предмети
За да го оптимизирате багажот секогаш водете сметка да ги носите со вас само предметите кои ви се неопходни. Така вашиот телефон може да ви послужи како мапа за движење, локатор, светилка, апарат за сликање...
7. Имајте со себе нешто што ве потсетува на домот
Секогаш имајте со себе некоја мала ситница која ќе прави да се чувствувате како да сте дома. Тоа може да биде вашата омилена чашка за кафе, чинија...
8. Добро информирајте се за местото каде одите
Тука не се мисли само на тоа какви се временските услови и каква облека треба да понесете, туку и што ќе имате на располагање во хотелот/апартманот каде ќе бидете сместени.
М. С. | Црнобело