27-годишна девојка ги посети сите земји во светот и го сруши рекордот
Се сеќавате на Кеси (Касандра) де Пекол, девојката која решила да го сруши Гинисовиот рекорд и да стане најбрзата жена која пропатувала низ сите 196 земји?
27-годишната Кеси успеа во својот сон и сега го држи рекордот за најбрзата личност која се прошетала низ сите земји во светот, рушејќи го првичниот рекорд за половина време.
За да ги посети сите земји ѝ биле потребни 18 месеци и 26 денови.
Својата епска авантура ја започна на 24-ти јули 2015-та година и неодамна ја заврши, а за тоа потрошила 198.000 долари, пари кои главно биле од спонзори.
„И покрај тоа што мислите, оваа експедиција не беше лесна“ - напишала Кеси на својот Фејсбук профил.
Таа патувала во име на Интернационалниот Институт за Мир низ Туризам и поголемиот дел од времето се сретнувала со политичари и студенти кои ја промовираат примарната цел на овој институт.
Да се потсетиме на тоа што виде во Македонија...
И да се потсетиме низ фотки на нејзиното патешествие:
Н. Г. | Црнобело