Топ дестинација за посета во 2017-та: Исланд
Исланд - островска земја близу Северниот пол за која ретко кој помислува како на дестинација за посета.
Но, полека оваа земја станува популарна туристичка атракција, посебно нејзиниот главен град, Рејкјавик.
Од ледени глечери до вулкански пустини, еве зошто треба да го посетите Исланд оваа година:
1. Во 2015-та година Исланд беше посетен од вкупно 1.289.140, посебно неверојатен број ако земете предвид дека во оваа земја живеат само 330.000 луѓе.
2. Многу од овие посетители доаѓаат на Исланд за да уживаат во Поларната светлина, што веројатно ќе биде и првата работа која и вие ќе сакате да ја доживеете.
3. Хотелот „Ion Adventure“ е специјално креиран за да уживате токму во оваа природна неверојатна појава.
4. Секако, ниту едно патување до Исланд не би било комплетно, ако не ја посетите сината лагуна - геотермалната бања која има лековити води. Ова е една од најпосетените туристички атракции на Исланд.
5. Но, од неодамна, оваа земја е почесто посетувана заради тоа што се појавува во „Game of Thrones“. Поточно, селото Вик, најјужното селце на Исланд.
6. На Исланд можете да уживате во магичните црни песочни плажи.
7. Оваа година ќе се отвори и „LAVA“, музеј посветен на вулканите и земјотресите. Во самиот музеј ќе бидат вклучени неколку атракции меѓу кои и симулатор на земјотреси и платформа за гледање на трите вулкани: „Eyjafjallajökull“, „Katla“ и „Hekla“.
8. Оваа земја нуди уникатни пејзажи - масивни простори исполнети со вулкани и вулкански кратери.
9. Ама истовремено и прекрасни водопади, поточно илјадници водопади распространети низ целата земја.
10. „Skógafoss“ е најголемиот водопад. Некои велат дека позади него се крие огромно богаство.
11. Исланд, исто така, е и место каде се наоѓа еден од најинтересните патишта кој го заобиколува целиот остров. Долг е 830 километри.
12. Токму овој пат е еден од најдобрите начини да ги погледнете сите типови на пејзажи на Исланд кои имаат едно нешто заедничко - изгледаат како да се од друга планета.
13. Како на пример, глечерската лагуна „Jökulsárlón“ која можете да ја истражувате и со брод.
14. Или неверојатните црни песочни плажи на кои можете да направите неверојатни фотографии.
15. Во „Hverir“ можете да пешачите по џиновско геотермално поле.
16. А, во „SIlfra“ да нурнете помеѓу два континенти.
17. Исто така, можете да прошетате и до кристалните пештери на глечерот „Vatnajökull“.
18. Малиот остров не е ништо друго отколку хармонија меѓу вулканските пустини и глечери, како на пример „Landmannalaugar“.
19. Шарениот главен град на оваа земја изгледа како од бајка.
20. Сè уште не сте убедени дека треба да го посетите ова прекрасно место? Погледнете го и ова видео за мотивација:
Н. Г. | Црнобело