Централ парк во Њујорк низ розов филтер (фото)
Крем црвени бои и сини нијанси - инфрацрвената фотографија му помогнала на фотографот Паоло Петигијани да го трансформира Централ парк во Њујорк во надреално убаво место кое изгледа како да доаѓа од соништата.
Со помош на специјални филтери тој ја прикажува природната убавина како некоја магична розова земја од која во позадината се издига добро познатата архитектура на Њујорк, онака како што претходно ја има прикажано и Алјаска.
„Го одбрав Централ парк затоа што тој за мене е како мало парче рај среде густата огромна метропола. Место каде сите можат да се одморат после напорниот ден и рутината на градот“ - вели искусниот фотограф.
Н. Г. | Црнобело