Авантурите на парот кој е на најдолгиот меден месец низ светот

Ен и Мајк Хауард ги посетиле сите континенти, околу 50 различни земји, а живеат со само 25 долари дневно.

avanturite-na-parot-koj-e-na-najdolgiot-meden-medec-niz-svetot-001.jpg

Авантуристичкиот пар кој патува веќе 5 години слободно може да ја понесе титулата и да го собори рекордот за најдолгиот меден месец.

Ен и Мајк го напуштиле домот на 22-ри јануари 2012-та и оттогаш патуваат на различни страни од светот.

„Мислевме да почекаме додека наполниме 65 години и се пензионираме, па дури тогаш да ги следиме соништата. Но, звучеше ризично. Си рековме, да ја искористиме шансата додека сме млади и здрави,“ вели Мајк.

Дневниот буџет на почетокот им изнесувал по 39 долари на ден, но неколку години подоцна успеале да го намалат на 25 долари од ден.

Велат дека сакаат да остануваат по барем 1 недела на едно место, во еден град или село, бидејќи ви требаат најмалку 7 дена за да го доживеете како што треба.

Парот ја прославил својата петта годишнина на Антарктикот, во кајак, доближувајќи се на група пингвини.

Медениот месец кој трае веќе 5 години низ фотки изгледа вака:

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
5 романтични места во Македонија, совршени за меден месец Кој вели дека мора да патувате во странство за да имате незаборавен меден месец?...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg