Vogue препорачува: 6 балкански дестинации за 2017-та, на прво место Охрид
Престижниот Vogue неодамна направи нетрадиционална патувачка листа - 6 балкански дестинации кои вреди да се видат во 2017-та, а на прво место е нашиот Охрид.
Охрид, Македонија
„Локалните жители се шетаат по пешачка патека од камен, кајчиња пловат низ водите, а хорот има проба во црквата Света Софија додека сонцето заоѓа: Добредојдовте во Охрид, Македонија, крајно совршениот град полн со старински шарм, сместен на бреговите на Охридското Езеро.
Ова природно богатство заштитено од УНЕСКО е дом на 3 национални паркови, примамливи патеки за планинарење и велосипедизам, но е и одлично место за одмор каде може да уживате во македонското вино“ - вака е опишан Охрид низ неколку реченици.
Потоа следуваат препораки за места кои мора да ги видите - хотелот Тино, Света Софија, Канео, Џез Ин, Галичица, ресторанот Острово...
Листата ја дополнуваат уште 5 дестинации:
Призрен, Косово
Белград, Србија
Трансилванија, Романија
Химарa, Албанија
Регион Херцеговина, Босна и Херцеговина
М. Д. | Црнобело