23-те најфотографирани земји на Инстаграм

Секое око различно ја перципира убавината, но сепак луѓето заеднички се согласуваат дека постојат одредени места во кои се заљубува секое око.

23-najfotografirani-zemji-spored-Instagram-01

Туристичката агенција „Jet 2“ направила едно интересно истражување за тоа кои земји луѓето најмногу сакаат да ги фотографираат.

Анализирајќи ги фотографиите објавени на Инстаграм тие ги добиле следните резултати:

23. Индија била објавена на Инстаграм повеќе од 13 милиони пати. Најпопуларен е Мумбаj, од каде потекнуваат една третина од фотографиите.

 

A photo posted by Arbaz shaikh (@main_bhi_pagal) on


22.
Убавите пејзажи на Сингапур биле претставени на оваа социјална мрежа 14.895.500 пати, но големите градови не се оние кои се најпопуларни. Најфотографиран град е Новена, со повеќе од 98.000 објави.

 

A photo posted by Joanie Brunner (@joaniebrunner) on


21.
Малезија не е во топ 20, но има над 15 милиони објави.


20.
Луѓето објавиле околу 16.870.900 фотки со хаштагот #Brasil, уште популарен е хаштагот за Рио де Жанеиро со повеќе од 17 милиони тагови.

 

A photo posted by Bruna Satiro (@brunasatiro) on


19.
Венецуела во Јужна Америка е уште попопуларна од Бразил, со околу 19 милиони објави. Доволно е само да ги погледнете фотките од познатите Ангелски водопади и да ви стане јасно зошто е тоа така.


18.
Со 19.181.900 објави досега, прекрасните шуми и национални паркови на Канада се причината заради која таа се наоѓа на 18-то место.

 

A photo posted by World Nomads (@worldnomads) on


17.
Луѓето го искористиле хаштагот #Turkey повеќе од 21 милион пати. Од друга страна #Istanbul е уште попопуларен, со повеќе од 35 милиони тагови.

 

A photo posted by Yasemin (@yasosysr) on


16.
Шпанија е објавена на Инстаграм повеќе од 21.796.100 пати. Еден од најпопуларните настани е Ла Томатина, тепачка со домати во близина на Валенсија.

 

A photo posted by Kim Seaward (@kjseaward) on


15.
Луѓето ја објавиле Русија на Инстаграм повеќе од 21.924.300 пати. Нејзиниот главен град, Москва, е малку попопуларен со нешто повеќе од 22 тагови. Кремљ е нешто кое сите ги потсетува на магија.

 

A photo posted by Svetlana Mxva (@svetlana_mxva) on


14.
Германија е една од најфотографираните земји во светот, со повеќе од 22 милиони објави со хаштагот #Germany. Нејзината богата историја и божиќните базари се она кои луѓето најмногу го фотографираат.

 

A photo posted by Germany Tourism (@germanytourism) on


13.
Со повеќе од 22.937.100 објави, Мексико е дел од местата кои луѓето ги сметаат за најубави. Секако, меѓу популарните места водат прекрасните плажи на Канкун со повеќе од 4 милиони објави.


12.
Австралија била објавена до сега 23.455.500 пати. Земјата навистина е прекрасна а за нејзина промоција придонесува и официјалниот профил кој таа го има на Инстаграм.

 

A photo posted by Australia (@australia) on


11.
Бахреин е првата земја од Средниот Исток која се појавува на листата. Бројка за нејзини објави изнесува 24.751.500 пати.

 

A photo posted by Haya Aldoseri ? (@haldoseri99) on


10
. Три од 10-те најфотографирани земји се лоцирани на Средниот Исток, вклучувајќи ја Катар, која се наоѓа на 10 место со 25 милиони објави.


9.
Обединетото Кралство се наоѓа меѓу 10 најфотографирани со 26 милиони објави, но хаштагот #London е најпопуларната дестинација со повеќе од 65 милиони објави.

 

A photo posted by Luka Novokmet (@luka.novokmet) on


8.
Франција може да се пофали со бројка од 28 милиони објави. Секако најчест мотив на фотките од оваа земја е Париз и познатата Ајфелова кула со повеќе од 55 милиони објави.

 

A photo posted by Jennifer Mel Tuffen (@izkiz) on


7.
Тајланд досега има бројка од 30.692.00 објави. Прекрасните песочни плажи и луксузните ресорти како Кох Мак се едни од најидиличните места кои луѓето ги инспирираат да фотографираат.

 

A photo posted by Livi Brewer (@_theoyster_) on


6.
Кувајт е една од земјите кои добиваат сè поголема популарност. Со повеќе од 33 милиони фотки таа е една од најпосетуваните дестинации.


5.
Обединетите Арапски Емирати се наоѓаат на највисоката позиција кога е во прашање земјите од Блискиот Исток, со повеќе од 34 милиони објави. Секако, Дубаи е местото кое најмногу им остава впечаток на сите
посетители со повеќе од 46 милиони објави.

 

A photo posted by Coco Soraya (@coco_soraya_181) on


4.
Индонезија е втората најпопуларна азиска земја на Инстаграм со повеќе од 35 милиони објави. Културните обележја како храмот Ботобудур во централна Јава ја прават навистина инспиративна за фотографирање.


3.
 Без поголеми изненадувања, САД се меѓу топ 3, со повеќе од 40 милиони фотографии. Од големите градови како Њујорк до националните паркови, па се до местата како Големиот кањон - инспирацијата за фотографирање е неизбежна.

 

A photo posted by OLYA SMESHLIVAYA (@smeshlivaya) on


2.
Јапонија е најфотографираната азиска земја во светот, со 41.522.300 објави. Шумите со бамбуси на Кјото се една од туристичките атракции која може да се види на многу фотографии.


1.
Италија е земјата која се наоѓа на врвот на листата со повеќе од 50 милиони објави. Популарните туристички дестинации како Венеција, Рим и Пиза се местата кои на луѓето има оставиле најголем впечаток.

 

A photo posted by ALTUG GALIP (@kyrenian) on

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg