10 градови со најубави панорами низ светот

Не постои човек кој не би сакал да седне во некој бар сместен на највисокиот кат од некоја од поголемите згради во градот и да ужива во погледот кој тој го нуди.

10-gradovi-so-najubavi-panorami-niz-svetot-01

Кога ќе ги погледнете градовите на ваков начин сфаќате дека секој од нив е сосема поинаков. Секој има некаква своја енергија, динамика, пулс кој најдобро се чувствува само доколку го погледнете градот од една ваква перспектива.

Низ светот постојат навистина голем број градови чиј панорамски поглед е нешто од ко ќе ви застане здивот. Ова се само дел од нив...

1. Лондон

Гледајќи го Биг Бен и познатата лондонска кула некаде по зајдисонцето ќе се почувствувате како да сте дел од некаква бајковита приказна.

10-gradovi-so-najubavi-panorami-niz-svetot-01

2. Њујорк

Високите облакодери се нешто кое прво ќе ве воодушеви каде и да се наоѓате во овој град.

10-gradovi-so-najubavi-panorami-niz-svetot-02

3. Бразилија

Урбаниот дел на градот е изграден од страна на архитектот Оскар Ниемејер и има форма на авион, така што трупот е делот каде се наоѓаат културните и владините институции а крилата се резервирани за резиденцијални објекти.

10-gradovi-so-najubavi-panorami-niz-svetot-03

4. Чикаго

Имајќи го предвид фактот дека идејата за облакодери потекнува токму од овој град, воошто нека не ве изненадува што панорамата на градот е главно обликувана токму од нив.

10-gradovi-so-najubavi-panorami-niz-svetot-04

5. Ванкувер

Опколен со планини на едната и море на другата страна, многумина сметаат дека токму Ванкувер е еден од најубавите градови на светот.

10-gradovi-so-najubavi-panorami-niz-svetot-05

6. Мумбај

Некогашната британска колонија денес нуди неверојатен панорамски приказ составен од извонреден спој на викторијанскиот стил и модерните облакодери.

10-gradovi-so-najubavi-panorami-niz-svetot-06

7. Вашингтон

Благодарение на долгогодишната забрана за градење високи објекти, дури и од помала висина веднаш можете да ги забележите познатите споменици.

10-gradovi-so-najubavi-panorami-niz-svetot-07

8. Хонгконг

Можеби ниту еден друг град нема таква убава ноќна панорама како Хонг Конг. Сместен околу пристаништето Викторија, овој град е навистина нешто кое вреди да се посети.

10-gradovi-so-najubavi-panorami-niz-svetot-08

9. Мајами

После денот поминат на плажа можете да прошетате низ градот и да ги видите делата на некои од најдобрите архитектонски имиња на денешницата.  Еден од објектите чие отворање се очекува е извитканиот „One Thousand Museum “ на Заха Хадид.

10-gradovi-so-najubavi-panorami-niz-svetot-09

10. Лас Вегас

Не е возможно да не бидете привлечени од сите тие бои и светла со кои градот изобилува. Секако токму тоа е и главната цел.

10-gradovi-so-najubavi-panorami-niz-svetot-10

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg