3 тајни, но магични места за скијање во Европа

Овие три европски ресорти, во различни земји, се достапни, шармантни и полни со скијачки атракции, а помалку познати на туристите.

3-tajni-no-magicni-mesta-za-skijanje-vo-evropa-01.jpg

Ако планирате патување:

1. „Grindelwald“, Швајцарија

Ова шармантно селце има прекрасни привлечни пејзажи за сите ентузијасти кои ја обожаваат зимата и сакаат да скијаат.

Како да дојдете до таму? Ова селце е на само три часа патување од Цирих со воз.

Каде да престојувате? Ништо не го доловува шармот онака како што го доловува хотелот „Romantik Hotel Schweizerhof“ со својата дрвена фасада од 19-от век.

Каде да јадете? Близу хотелот се наоѓа ресторанот „La Pendule d’Or“ кој нуди домашна, но и француска кујна.

Што да правите? На страна од скијањето, можете да пешачите по патеката „Rasthysi“, да ја пробате швајцарската верзија на ирското кафе или да патувате со возот „Jungfrau“ за спектакуларна глетка.

3-tajni-no-magicni-mesta-za-skijanje-vo-evropa-1.jpg

3-tajni-no-magicni-mesta-za-skijanje-vo-evropa-2.jpg

3-tajni-no-magicni-mesta-za-skijanje-vo-evropa-3.jpg

2. „St. Anton am Arlberg“, Австрија

Ова класично тиролско селце се смета за родно место на модерното скијање, а е добро познато заради патеките за скијање.

Како да дојдете до таму? St. Anton am Arlberg е оддалечено 2 и пол часа патување од Цирих или 3 и пол часа од Минхен.

Каде да престојувате? Во една од традиционалните соби на хотелот „Alte Post“ во срцето на селото.

Каде да јадете? Во ресторанот „Hospiz Alm“ кој нуди прекрасен поглед над селото и вкусна храна или во удобната и топла атмосфера и пицата на ресторанот „Pomodoro“.

Што да правите? Ниту еден ден поминат во скијање, тука не треба да заврши без вкусен коктел во некои од легендарните барови „Krazy Kanguruh“ или „Mooserwirt“.

3-tajni-no-magicni-mesta-za-skijanje-vo-evropa-4.jpg

3-tajni-no-magicni-mesta-za-skijanje-vo-evropa-5.jpg

3-tajni-no-magicni-mesta-za-skijanje-vo-evropa-6.jpg

3. „Val Gardena“, Италија

Во срцето на долината близу Доломитите постои масивен простор со патеки познати како „Sella Ronda“ каде сите италијански семејства уживаат во зимата.

Како да дојдете до таму? „Val Gardena“ е оддалечена на три часа од аеродромите во Верона или Инсбрук, Австрија.

Каде да престојувате? Хотелот „Alpino Plan“ направен во минималистички стил.

Каде да јадете? Ресторанот „Rifugio Emilio Comici“ нуди вкусна печена риба и совршено тирамису или ресторанот „Ristorante Nives“ каде можете да уживате во традиционална северно италијанска кујна.

Што да правите? „Ortisei“ е одлично место каде можете да ја истражите дрворезбарската традиција која датира уште од 17-от век или да уживате во вино во некои од винските барови.

3-tajni-no-magicni-mesta-za-skijanje-vo-evropa-7.jpg

3-tajni-no-magicni-mesta-za-skijanje-vo-evropa-8.jpg

3-tajni-no-magicni-mesta-za-skijanje-vo-evropa-9.jpeg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg